Ја уценувал 14-годишната поранешна девојка дека ќе ги објави нејзините провокативни фотографии!

14-годишно девојче од Нови Сад со месеци ги подкрадувало своите родители за да му плати на малолетниот уценувач од Фејсбук.Малолетничката била неколку месеци во врска со  својот врсник од училиште. За време на врската момчето побарало од нејзе да му прати неколку „експлицитни“ фотографии на кои е без облека, на што се согласила. Набрзо по раскинувањето, почнало уценувањето.
„Отворено и барал пари, заканувајќи ѝ се дека во спротивно ќе ги објави фотографиите на фејсбук и дека ќе бидат достапни за сите нејзини пријатели. Ѝ велел дека  целото учлиште ќе дознае каква е, како и дека први на листата ќе бидат нејзините родители“, вели И. Б. 16-годишен пријател на девојката.
Според неговите зборови, не се работи за голема сума на пари, но дека биле многу чести.
„Секој ден парите кои ги добивала од родителите за себе, морала да  му ги дава нему или да му купи цигари, храна… Секој петок морала да му обезбеди илјада денари за да има за излегување. Беше очајна, мораше буквално да краде од родителите“, вели пријателот.
Мачењето траело скоро два месеци, кога мајка ѝ ја фатила како извлекува пари од паричникот.
„Тогаш ‘пукнала’ и се им признала. Кажала за кого се работи и колку долго траело уценувањето. Потоа, нејзината мајка ги  побарала родителите на уценувачот и тогаш конечно престанало се“, вели И. Б.Малолетничката била неколку месеци во врска со  својот врсник од училиште. За време на врската момчето побарало од нејзе да му прати неколку &

Пронајдете не на следниве мрежи: