Ја видовте ли новата кампања на Даб?

Интегрирана маркетинг кампања за неверојатно интерактивно искуствоПрилепска Пиварница знае дека за да се има добар бренд подеднакво е важен и квалитетот на производот, но и начинот на кој тој се комуницира во јавноста. Затоа, оваа година рекламните активности за Даб се доведени на едно повисоко и пософистицирано ниво. Деновиве, сите зборуваат за новата реклама на Даб!
Врз основа на долготрајно истражување, детални проучувања на пазарот и анализи на навиките на потрошувачите е и последната, најнова интегрирана кампања на Златен Даб. Позиционираноста кон корисникот оваа година е искомуницирана на еден поинаков, интерактивен начин, кој на гледачот му дава активна улога во приказната. Со тоа, Даб им се заблагодарува на своите фанови и ја потврдува својата основна порака – дека она што го прави, го прави за корисниците. На наративно ниво, приказната е инспирирана од претстојното Светско фудбалско првенство, како настан што е од посебно значење на фановите на Даб, а вистинското изненадување се случува на веб страницата www.mostwanted.mk, креирана специјално за оваа кампања. Овде секој гледач може да создаде свој филм, да го открие интерактивното искуство и да се почувствува како вистинска ѕвезда. Со ваков третман на фановите како вистинските ѕвезди на брендот, пораката на кампањата “Овој Даб е за тебе” во преден план го става токму корисникот. За Златен Даб, фановите на фудбалот и конзументите на пиво се вистинските ѕвезди и херои кои заслужуваат светска популарност, и затоа овој Даб е за сите нив! 
Изработена во соработка со познати продукциски куќи чиј посветен и храбар пристап овозможи да се постигне висококвалитетен изглед на приказната и возбудлива динамика на нарација, оваа реклама ќе ги предизвика гледачите и ќе им понуди визуелно искуство што долго ќе се памети.
Овој Даб е за тебе! Прилепска Пиварница знае дека за да се има добар бренд подеднакво е важен и квалитетот на производот, но и начинот на кој тој се комуницира во јавн

Пронајдете не на следниве мрежи: