Ја запросил девојката 365 пати а таа немала поим се до последниот ден!

Џенифер Касерл добила изненадување за роденден каково сигурно не очекувала, кога дознала не само што момчето ја запросил тој ден, веќе дека тоа го правел и секој ден во годината. Романтичниот Дин Смит снимил видео како 365 пати ја замолил да се омажи за него, но без нејзино знаење.Тој конечно ја запросил на семејниот одмор во Аруба, каде девојката прво ја пречекала сестрата Жаклин со голема табла на која пишувало да оди во лобито.
Таму ги нашла братот и пријателите кои ја испратиле до плажата, на која ја очекувало изненадување. Добила таблет и слушалки, и конечно го изгледала филмот кој Дин го подготвувал година дена.
„До сега веројатно сфати дека твоето роденденско изненадување е во облик на видео. Но она што не знаеш е дека ова изненадување го планирав подолго од година дена“, вели Дин во видеото.
Тој сакал да ја запроси на посебен начин, и затоа одлучил да направи вакво видео. Затоа се снимил себе си како ја прашува Џенифер да се омажи за него 365 пати.

Кога на видеото се појавува последната просидба која ја снимил претходниот ден, таа конечно се врти и го забележува идниот сопруг на плажа со веќе познатата бела табла во раце, подготвен да го постави прашањто за последен пат.
Секако, одговорот е воодушевено „да“.
Тој конечно ја запросил на семејниот одмор во Аруба, каде девојката прво ја пречекала сестрата Жаклин со голема табла на која пишувало да оди во ло

Пронајдете не на следниве мрежи: