Јацењук: Русија сака трета светска војна!

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска изјави дека Русија сака да почне трета светска војна преку „воена и политичка“ окупација на Украина и создавање на конфликт, кој ќе го опфати и останатиот дел од Европа- Обидите за воен конфликт во Украина ќе доведат до воен конфликт во Европа. Светот се уште не ја заборавил Втората светска војна, но Русија веќе сака да почне трета, истакна Јацењук на владина седница.
– Државното раководство на Руската Федерција има целосна одговорност за агресијата на територијата на Украина и за поткопувањето на меѓународната безбедност и стабилност, истакна Јацењук.
Тој ја повика целата меѓународна заедница да се обедини против руската агресија. 
Руските војници, кои спроведуваат воени вежби во близина на границата на Украина оваа недела се приближија на еден километар од границата, но не ја преминаа, изјави украинскиот министер за одбрана Михајло Ковал. 
– Колона возила на руските сили стигна на еден километар од границата, а во вежбите учествува и дел од руското Воено воздухопловство, рече Ковал и додаде дека украинските вооружени сили се подготвени да одговорат на секаков вид агресија. 
Јацењук истакна дека Украина очекува до утре официјален одговор од Русија на прашањето зошто руските војници се сконцентрирани на украинската граница.
извор:курир.мк- Обидите за воен конфликт во Украина ќе доведат до воен конфликт во Европа. Светот се уште не ја заборавил Втората светска војна,

Пронајдете не на следниве мрежи: