Јаценук: САД помогнете ни, Путин сонува за СССР!

Претседателот Путин сонува повторно да го обнови Советскиот Сојуз и секој ден оди чекор понатаму. Богзнае каде ќе запре на крајот – изјави украинскиот премиер Арсениј Јаценук.Јаценук изјави дека Русија ја нарушува глобалната стабилност, како и напорите насочени кон  забраната за ширење на нуклеарното оружје во рамките на актуелниот конфликт помеѓу Kиев и Москва.
Истовремено, тој побара финансиска и економска поддршка во модернизацијата на украинската војска, но сепак не побарал и оружје – пренесува AFP.
Светот има причина да биде загрижен поради намерите на Путин и поради тоа што Руската Федерација ја нарушува глобалната стабилност. Тие всушност ја елиминираа програмата за неширење на нуклеарно наоружување, притоа мислејќи на Меморандумот од Будимпешта од 1994 година, на кој Украина го предаде сиот свој нуклеарен арсенал во замена за гаранција за нејзиниот суверенитет од страна на Москва и западните сили.
Тој исто така додаде дека кристално е јасно дека Русија претставува глобална закана, како и закана за ЕУ и самата Украина.Јаценук изјави дека Русија ја нарушува глобалната стабилност, како и напорите насочени кон  забраната за ширење на нуклеарното оружје во рамки

Пронајдете не на следниве мрежи: