Во емисијата „Мојата чудна зависност“ на телевизиската куќа TLC прикажан е случај на 43-годишната Лиза од Детроит, која е зависна од џвакање и јадење влакна од својата мачка.Нејзината зависност почнала пред 15 години, а денес дневно јаде три топчиња влакна од својот куќен миленик.
Лиза низ станот ги собира влакната на својата мачка, пред да ги изеде. Меѓутоа, вели дека највкусни се кога ќе ги симне директно од мачката. Поради тоа понекогаш го лиже крзното на миленичето.
Лиза почнала да јаде влакна од мачката за да почувствува блискост со неа. Таа вели дека џвакањето влакна ја опушта.
Според неа, текстурата и вкусот ја потсетува на шеќерна волна.
Макфакс
Во емисијата „Мојата чудна зависност“ на телевизиската куќа TLC прикажан е случај на 43-годишната