Јадел само во „Мекдоналдс“- ослабел 17 килограми за три месеци

Американецот Џон Сисна е доказ дека консумирањето брз храна не мора да предизвика дебелеење. Сисна, кој предава биологија во една гимназија во Анкини, Ајова, три месеци се хранел само во рестораните на „Мекдоналдс“ и ослабел 17 килограми.Нивото на холестеролот го намалил за една третина, од 249 на 170 мг/дл, додека нивото на таканаречениот „лош холестерол (ЛДЛ) паднал од 173 мг/дл на 113 мг/дл. Поради тоа здравствената состојба значително му се подобрила.Сисна се одлучил за необичната диета со цел да докаже дека можеме да јадеме сè ако се придржуваме на ограничувањето од 2.000 калории дневно и ги почитуваме препораките за внесување хранливи материи од витално значење.
Професорот им дал задача на своите ученици да му состават мени, земајќи ги предвид интернет информациите за хранливите состојки во производите на Мекдоналдс.
За време на трите месеци, Сисна, кој признава дека претходно не вежбал и не водел сметка за внесувањето на калориите, пешачел по 45 минути дневно, што придонело за да го постигне овој резултат.
Директорот на локалниот ресторан, кому му раскажал за експериментот, толку се заинтересирал да ги дознае резултатите што му понудил бесплатна исхрана во текот на 90 дена.

 
Сисна за појадок јадел две земички со пржена белка, посна сланина и „чедар“ сирење(Egg White Delight McMuffin), порција каша од јачмен и чаша млеко со еден отсто масленост, додека за ручек јадел салата.
Но, тој не јадел исклучиво „здрава“ храна. За вечера консумирал висококалорични оброци како што е „Биг Мек“ или „Ројал со сирење“, а честопати се честел и со сладолед (Ice Cream Sundae).
Спротивно на распространетото мислење, исхраната во рестораните за брза храна имала позитивен ефект, па здравјето на Сисна значително се подобрило.
– На сите им велам дека конечно можам да си ги видам чевлите и не само тоа, дури можам и сам да си ги врзам. Сакав да покажам дека сите имаме избор. Тоа што се дебелееме е последица на нашиот сопствен избор, а не на исхраната во „Мекдоналдс, – вели Сисна.
РепубликаНивото на холестеролот го намалил за една третина, од 249 на 170 мг/дл, додека нивото на таканаречениот „лош холестерол (ЛДЛ) паднал од

Пронајдете не на следниве мрежи: