Јаделе колбаси на скара, мажот починал, жената паднала во кома!

Причината за смртта на Жарко Петриќ (70) од Обреновац, кој во средата починал во семејниот дом откако јадел колбаси на скара, се уште не е утврдена, но се испитува дали за трагедијата е виновен вишокот натриум- нитрит, кој се користи при правење месни преработки.Од колбасите се отрула и сопругата на Жика Милеса (53) и неговата сестра Драгица Стублинчевиќ, кои закрепнуваат на ВМА.
Поради сомнение дека на своите соседи им продал отровни колбаси, приведен е месарот Горан М. (50), но откако бил сослушан бил пуштен на слобода.
„Јас не знам од што почина вујко ми, но сега ми кажаа дека во крвта на мајка ми и вујна ми нашле количина нитрит која била поголема од дозвлената. Нитритот се користи при правење колбаси, но преголема доза предизвукува гушење. Не знам дали е тоа причината за смртта бидејќи резултатите од обдукцијата ќе бидат готови за два месеци. Вујко ми имаше срцеви проблеми и асматичар е, но повторно, не беше толку слаб. Беше модар кога почина“, вели Зоран Стублинчевиќ, внук на покојниот Жика.
Тој вели дека неговата вујна на кобниот ден купила колбаси од Горан М. поради кои подоцна завршиле во болница.

 
„Вујна ги зема од Горан, кој инаку работи во една месара, но и приватно се занимава со производство на колбаси. Тој ден колбаси јаделе во повеќе наврати, а потоа вујна не викна околу 21 часот да ни каже дека вујко ми починал. Тогаш не забешежала ништо невообичаено. Мојата мајка отиде таа вечер да биде со нив и вујна ми ја послужила со тие колбаси. Следеле цела ноќпокрај мојот покоен вујко, мајка ми околу 6:30 часот забележала дека вујна ми се онесвестила на столот, па веднаш викнавме брза помош. Рацете и усните и помодреа, како и на мајка ми, која повраќала, па ја одведов во болница. Префрлени се на ВМА, на токсикологија, а вујна ми беше во кома и едвај се извлече. Мајка ми помина подобро бидејќи пробала малку од колбасите“, вели Зоран.

Зоран вели дека месарот дошол да му каже дека и во своите колбаси ставал иста количина нитрит, но дека со неговото семејство се е во ред.
„Тој ме побара и ми рече дека исти такви колбаси правел и за себе, дака сите јаделе од нив, но дека ништо не им се случило. Не знам што да кажам. Ќе го чекам конечниот наод од обдукцијата“.Од колбасите се отрула и сопругата на Жика Милеса (53) и неговата сестра Драгица Стублинчевиќ, кои закрепнуваат на ВМА.
Поради сомнение дек

Пронајдете не на следниве мрежи: