Голем број пекарници од обично бело брашно прават лажен црн леб, преполн со супстанци кои не би смееле да постојат во овој пекарски производ.Еден од првите совети кои луѓето ги добиваат кога ќе се одлучат за правилна исхрана е да го намалат внесот на белиот и да се премине на црн или `ржан леб.
Меѓутоа, секој леб кој што се нарекува „100%`ржан“, содржи само 35% од `ржано брашно. Покрај тоа, таквото пециво може да содржи многу адитиви и емулгатори. Постојат луѓе кои се одлучуваат за тн. бесквасен леб, но експертите наведуваат дека бенефитот од овој леб се губи доколку во него се најде многу сода бикарбона, а таков е случајот во многу ситуации.
Содржат вештачки бои
„Тој има темна боја, која се добива со употреба на супстанци кои не би смееле да постојат во лебот – `ржан малт, кафе, какао, пекарски природни и вештачки бои, црвено вино“ – вели еден пекар кој е одлично запознаен со методата за боење на лебот.
Како да препознаете вистински црн леб?
– Ставете во вода парче од средина на црн леб и ако лебот побели, а водата потемни, ќе знаете за што точно станува збор.
– Црниот леб е тврд, збиен и има поголема влажност од белиот леб.
– Црниот леб не може да биде еластичен и воздушест.
– Средината на црниот леб има подлабоки пори и помала запремнина.
– Црниот леб има поинаков мирис од белиот.Еден од првите совети кои луѓето ги добиваат кога ќе се одлучат за правилна исхрана е да го намалат внесот на белиот и да се премине на црн или `рж


