Расте загриженоста дека неноматеријалите, кои може да се најдат во пакувањето и пестицидите, може да влезат во храната и да претставуваат огромен ризик за здравјето.Во текот на последните неколку години, употребата на наноматеријали за вода, пакување на храната, козметиката и други индустрии е значително зголемена. Така на пример, земјоделците користат сребрени наночестички како пестициди поради нивната способност да го намалат развојот на штетни организми. Во новото истражување, истражувачите го опишуваат методот за откривање на сребрени наночестички во свежите продукти и другите прехранбени производи.
„Повеќе од 1.000 производи на пазарот се основани на нанотехнологија“, вели Менгши Лин, професор по наука за храната на Универзитетот за земјоделство, храна и природни ресурси во Мисури. „Оваа загриженост е поради тоа што не ја знаеме токсичноста на наночестичките. Нашата цел е да се идентификуваат и измерат овие наночестички во храната и прехранбените производи и да се проучи нивната токсичност колку што е можно поскоро“.
Прочитајте повеќе на овој линкВо текот на последните неколку години, употребата на наноматеријали за вода, пакување на храната, козметиката и други индустрии е значително зголем