Вршителот на должност директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија по којзнае кој пат ја манипулира јавноста, реагираат од Јадран Филм дооел и екипата на проектот МАКЕДОНИЈА.-Апсолутно не станува збор за постапка согласно Закон како што тврди в.д. директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија. Блокирањето на средствата на наменската сметка на ЈАДРАН ФИЛМ за проектот МАКЕДОНИЈА не е резултат, ниту пак е врз основа на некои истражни дејствија или барања од страна на Финансиската полиција или Јавното обвинителство. Напротив, станува збор за незаконско активирање на Извршната клаузула која стои во Договорот потпишан меѓу Агенцијата за филм и продуцентот ЈАДРАН ФИЛМ. Станува збор за донесување на незаконска и самоиницијативна ОДЛУКА од страна на в.д. директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, кој без Одлука на Управниот одбор на Агенцијата донел еднострана Одлука за раскинување на Договорот, која што Одлука по закон а и по Договор треба да ја потврди Управниот Одбор на Агенцијата. Во оваа прилика сакам да ја информирам македонската јавност, дека заради оваа незаконска постапка од страна в.д. директорот на Агенцијата за филм, г-нот Горјан Тозија, продуцентот ЈАДРАН ФИЛМ веќе има поднесено повеќе ТУЖБИ пред судовите во Република Македонија. Ве известуваме дека продуцентот ЈАДРАН ФИЛМ има валиден финансиски и ревизорски Извештај со кој се потврдува законското и наменското трошење на средствата поткрепен со соодветна документација. Финансискиот извештај и Ревизорскиот извештај во прилог со целокупната пропратна документација како и другите докази од страна на релевантни и стручни лица ќе бидат проследени до сите надлежни и релевантни институции во државава, реагираат од тимот на проектот.
Тие велат дека како матична фирма Јадран Филм Загреб овие средства во висина од 300.000,00 евра кои Тозија привремено, а нелегално ги одзема, ќе ги инвестира од сопствени средства и ќе продолжи со снимањето на историскиот дел.
-Дали е уште нешто дополнително потребно да се докажат нашите намери, како и намерите на Горјан Тозија? Од каде е правото на Горјан Тозија да од Владата на РМ и од македонската јавност полни два месеца ја крие понудата за двострука финансиска гаранција? Треба да се запрашаме, доколку тоа што го говори Тозија е вистина, дали Јадран Филм дооел би ги чувал тие средства на својата сметка, и дали Тозија може противзаконски да ги одземе? Тие средства беа наменети за финансирање на историскиот дел од серијата Македонија. Тоа е точно оној дел за кој Тозија пишува во својата прва вибер порака, чија автентичност и самиот јавно ја призна. Во прилог на ова соопштение на медиумите повторно им ја доставуваме пораката но и хронологијата на целиот случај напишана од страна на Борис Грегориќ, продуцентот на Јадран Филм, и доскорашен еден од најдобрите пријатели на Тозија. Истата е и доставена и до надлежните тела во Р. Македонија. Ви ја испраќаме во целост, а од неа би издвоиле само некои клучни делови кои Ве замолуваме да ги објавите. Од неа сосема јасно се гледа дека средствата ги чувавме на сметката за снимање на историскиот дел и како такви според планираната динамика на буџетот и планот на снимање имавме намера тие да останат таму се до почетокот на снимањето на историскиот дел за што веќе се договорија Грегориќ и Тозија. Доколку Јадран Филм имаше било какви лоши намери, можеше тоа да го направи во било кој момент претходно. Тозија после неуспешниот рекет се реши за измама и сега се фали како успеал да ги ”врати” парите. И тоа баш парите наменети за снимање на историскиот дел на серијата. Сепак ние не сме Тозија за да за приватни потреби да злоупотребуваме државни пари. Од документот кој Ви го испраќаме сосема јасно се гледа дека Тозија и сега а во врска со ова ја манипулира целата јавност со провидни и евтини лаги. Покренавме судски постапки за поврат, но и за надокнада на штетата што ја предизвика Тозија, велат од Јадран Филм дооел и екипата на проектот МАКЕДОНИЈА.
„На Тозија треба да му биде јасно, дека не постои никаква можност заради уцените и неговиот рекет да не ја снимиме серијата МАКЕДОНИЈА“- порачуваат тие.
-Изразуваме жалење што еден ваков прекрасен проект е изложен на вакви уцени, притисоци и рекет од човек кој што ја злоупотребува времената државна позиција за исклучиво личен интерес. Ќе направиме се што е нужно да го заштитиме дигнитетот на проектот и на сите во Македонија и надвор од неа. Уличарскиот, заканувачки и вулгарен вокабулар со кој што се служи Тозија, личност која себеси се претставува како државен службеник, колку што нам ни е познато никогаш претходно не е забележан. Но тие страшни притисоци врз екипата на серијата кои траат со месеци, нас ниту ќе не уплашат,нас ниту ќе не сопрат. По завршување на процесот, јавно ќе ги објавиме сите документи и деталниот финансиски извештај за секој потрошен денар. Матичната фирма Јадран Филм е филмска куќа со 71 годишна традиција, и во никаков случај нема да дозволиме превземента обврска да не ја исполниме. Серијата ќе ја завршиме. За сето ова составивме досие кое ќе биде доставено до Владата на Р.Македонија, нејзините службени тела и сите парламентарни партии, и доколку биде потребно, како и до меѓународната јавност и Европските тела заинересирани за овој случај, воедно барајќи заштита од рекетарот Горјан Тозија, заклучуваат од Јадран Филм дооел и екипата на проектот МАКЕДОНИЈА.
-Апсолутно не станува збор за постапка согласно Закон како што тврди в.д. директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија. Блокирањето на сре