Јајца, месо, салама… Еве колку долго можете да ги чувате овие намирници во ладилник

Loading...

Доколку имате навика да ја замрзнувате храната или да ја чувате во ладилник, добро ќе ви дојдат овие информации за тоа што можете да замрзнете и колку долго, а при тоа да не се наруши квалитетот и не дојде до прерано расипување.Салата од туна, со јајца или тестенина
Оваа салата е одлична кога е ладна, но во ладилник можат да остане помеѓу три и пет дена. Немојте да ја смрзнувате.
Неотворено пакетче виршли
Купивте пакетче виршли и само ги ставивте во ладилник? Така неотворени можат да останат две недели, а замрзнати и до два месеци.
Исечена салама
Саламите кои не се во оригиналното пакување, можете да ги држите  во ладилник од три до пет дена. Смрзнати можат да траат и до два месеци. Неотворената салама во ладилник може да остане до две недели, а замрзната трае и до два месеци.
Свежи колбаси
Се препорачува веднаш да ги подготвите и изедете. Оставете  ги во ладилник, потрошете ги во рок од два дена. Замрзнати можат да останат два месеци.
Мелено месо
Без разлика на тоа за какво месо се работи, во ладилник може да остане до два дена. Доколку го замрзнете, може да трае и до четири месеци.
Пилешко месо
Целото  пиле во ладилник можете да го чувате два дена. Можете да го замрзнете и така да му го продолжите рокот на траење и до година дена.
Супи
Без разлика на тоа дали е од тестенини или месо, супите немојте да ги јадете откако стоеле во ладилник подолго од четири дена. Доколку ги замрзнете, можете да ги чувате до четири месеци.
Печено месо
Во ладилник можете да го чувате најмногу четири дена, а во замрзнувач шест месеци.
Пица
Во ладилник може да остане најдолго четири дена, а во замрзнувач два месеци.
Јајца
Свежите јајца можете да ги чувате во ладилник до пет недели. Немојте да ги замрзнувате.Салата од туна, со јајца или тестенина
Оваа салата е одлична кога е ладна, но во ладилник можат да остане помеѓу три и пет

loading...
Loading...