Во интервју за неделникот Република, лидерот на поличката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, одговара на прашања директно побрзани со политичко-правниот систем во државата во очи на планираните избори.
Јакимовски е дециден дека на престојните избори граѓаните бираат меѓу две сценарија, прво, самостојна суверена и независна Македонија или второ, Македонија да се препушти на странскиот фактор да управува, а меѓународнта заедница не е од помош, туку удира озгора.
Што се однесува до датумот, доколку на 5 јуни, не се одржат избори— ќе се интензивираат тензиите и граѓаните ќе излезат на улици.Неговиот став е јасен, нема простор никој да калкулира со бројки во избирачкиот список, зашто тие кои го одлагаа избираиот список, веќе нема каде да бегаат.
Јакимовски нагласува дека сомнително е како 5 циклуси СДСМ не налетал на неправилности. Илустрира пример дека Дума, Новаковски, Кондарко или Рилковски, имаат по 1 300 еевра плата, а се прашува штo правеа овие 9 години, кога нивната партија покажува со прст неправилости во нивната работа.
Во однос на аспирациите и функционирањето на СДСМ, од позиција на поранешен член во партијата, според Јакимовски,многу пати во СДСМ се збрувало за влада во сенка, за партиципација во власта, за технички министри, но не се оделона тој потег заради внатре—партиски конкуренции, кои се пропратени со црни кампањи и дискредитација на свои луѓе.
Јакимовски е дециден дека на престојните избори граѓаните бираат меѓу две сценарија, прво, самостојна суверена и независна Македониј