Уште на почетокот тврдевме дека СЈО ништо нема да откријат и дека ќе трошат по 4 милиони евра годишно, а како што гледаме тоа се случува во моментов. Еден таков пример е и сопственикот на ТВ НОВА, Сеад Кочан. Одговорно тврдам дека Кочан да ја немаше оваа телевизија за него немаше да се бара притвор, изјави градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.-Прво, доколку навистина постои фалсификување на исправи, тоа дело не е тешко кривично дело, и тоа најчесто во судската практика завршува со условно осудување или парична казна и не е дело за коешто се бара притвор, меѓутоа овде очигледно политиката е на прво место. Второ тендерот односно работата што е земена е завршена, а СЈО се обидува политички да делува на начин да се добие впечаток како да се украдени 17 милиони евра, а не дека одработиле повеќегодишна работа за тие пари. СЈО не ја заврши својата работа како што треба, истакна Јакимовски.
Во однос на политичката криза, посочи дека мора да дојде до политички договор и дека е неопходно попуштање од двете страни, во интерес на државата.-Прво, доколку навистина постои фалсификување на исправи, тоа дело не е тешко кривично дело, и тоа најчесто во судската практика завршува со