Граѓанската опција за Македонија поздравува што конечно се гледа крај на оваа политичка криза во Република Македонија. По наше мислење, после 92-ра година, кога се одлучуваше на референдум дали ќе се остане во Југославија или ќе бидеме самостојна и независна држава, ова е исто така многу важен суд што ќе го донесат граѓаните на Македонија.Ова го истакна лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, по денешната средба со лидерите на коалиционите партии во коалицијата „За подобра Македонија“.
-Ние сметаме дека силите не треба да се растураат, труку напротив треба да се сконцентрираат и сметаме дека ова изјаснување ќе биде натаму битно за перспективите на Македонија. Од тие причини како партија се` ќе сториме на терен и во политичкото дејствување да можеме да убедиме што е можно повеќе граѓани да го дадат гласот за оваа Коалиција и сметам дека во тоа целосно ќе успееме.Ова го истакна лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, по денешната средба со лидерите на коалиционите партии во коалицијата „За подобра Македониј