Јакимовски: Заев од мене бараше 250.000 евра МИТО

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски истакна дека СДСМ најмалку имаат право да зборуваат за криминал, бидејќи преку глава се замачкани во криминал и дека нивниот лидер, Зоран Заев од него барал 250.000 евра мито.Партиските кадри на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ, отворено се закануваат на политичките противници.
Наместо да ги извршува должностите за кои е скапо платена, новопромовираната советничка на Спасовски во МВР, Магдалена Несторовска, денешниот работен ден го помина како координатор на советничката група на СДСМ во општина Карпош.
Охрабрена од газењето на законите од страна на нејзиниот претпоставен Спасовски, Несторовска себе си даде улога на полиција, на обвинителство и на суд. Таа почна да им се заканува на сите оние кои не ги споделуваат нејзините политички ставови.
Голем дел од вработените во МВР, но и членовите на Советот во општина Карпош, се срамат од нејзиниот однос и веќе гласно коментираат дека ваква партизација во МВР и ваква злоупотреба и девалвирање на институцијата не се памети во изминативе 20 години.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, остро реагираше на нејзините недолични настапи, опоменувајќи ја за изречените закани и ја запраша навистина доколку се залага за борба против криминалот, зошто не му се обрати на нејзиниот партиски лидер и да го праша за бегањето од судски рочишта.
– Како висок полициски функционер паднат од Господ во Министерство за внатрешни работи ми се заканувате дека јас ќе сум одговарал за нешто. Еве јавно да ви кажам, дека и ти и оној министер Оливер Спасовски ќе ми плукнете под прозор сите заедно. Затоа не ви се плашам, а се обидувате со полицајци да кружите околу општината да најдете нешто, ама ќе најдете шипки варени, врати Јакимовски.
Покрај ова, градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски истакна дека СДСМ најмалку имаат право да зборуваат за криминал, бидејќи преку глава се замачкани во криминал и дека нивниот лидер, Зоран Заев од него барал 250.000 евра мито.
„Зоран Заев од мене лично бараше 250.000 евра, го чувам ливчето каде што стои неговото ракописче, сака да му го дадам оригинал или во копија?! 50.000 за црквата, 50.000 за спортот на село, 50.000 за културата и 100.000 ромите секој ден го чекале пред врата!?“Партиските кадри на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ, отворено се закануваат на политичките противници.
На

Пронајдете не на следниве мрежи: