Јаков- прво бебе од замрзнат ембрион

Дека во Ваљево се раѓаат „бебиња од епрувета“ веќе се знае, но овдешниот Центар за вонтелесно оплодување 16 сепрември  може да го запише со златни букви- тогаш на свет дојде Јаков Степановиќ, првото „бебе од лед“.Три килограми тешкиот  Јаков е првото бебе родено од замрзнат ембрион, што е единствен случај во некоја државна здравствена установа во Србија.
„Првата бременост  со вонтелесно оплодување не успеа, но сопругот Рајко и јас не губевме надеж. Верувавме во докторите, не бевме обесхрабрени со неуспехот и прифативме нов обид од одмрзнати ембриони. Не можам да опишам колку бев среќна кога дознав дека сум бремена, а уште повеќе кога се роди Јаков“, вели мајката Љиљана.
Како што објаснува др. Бранко Будимировиќ, шеф на тимот од Центарот за вонтелесно оплодување, од секоја пациентка која ќе влезе во оваа процедура се земаат по шест ембриони, три свежи веднаш се користат, а три се замрзнуваат во случај првата бременост да не успее.
„На тој начин по неколку месеци имаме можност да го искористиме замрзнатиот материјал. Доколку успее бременоста, тогаш паровите можат да дојдат подоцна по ембрионите за второ бебе“, вели Будимировиќ.

РФЗО инаку замрзнувањето и одмрзнувањето на не го признава како трошок кој треба да финансира државата, туку тоа го плаќаат исклучиво потенцијалните родители.  Сопред зборовите на емрбиологот од Центарот за  ВТО Милица Крстивојевиќ, замрзнатите ембриони се чуваат до пет години.
„Како и сите потенцијални  постапки во нашата лабораторија, и процесот за замрзнување бара многу. Првиот чекор е замрзнување. Во оној момент кога ќе се одереди вториот чекор, 80 проценти од ембрионите преживуваат и тие имаат идентичен квалитет и имаат иста шанса за имплантација како и ембрионите кои се враќаат во свежиот циклус“, објаснува таа.Три килограми тешкиот  Јаков е првото бебе родено од замрзнат ембрион, што е единствен случај во некоја државна здравствена установа во Србија

Пронајдете не на следниве мрежи: