Јапонската компанија Јамаха, во Токио го претстави својот најнов спортски автомобил.Тој е дизајниран со иновативната iStream Carbon платформа. Тоа е радикално нова технологија која користи јаглеродни влакна. Развиена е од страна на Гордон Мареј, дизајнерот на автомобилите на Мекларен во Формула 1.
Внатрешноста на автомобилот е дизајнирана од страна на поранешниот дизајнер на Тојота, Дези Нагано.
Sports Concept Ride е двосед со импресивна тежина од само 750 килограми, која според Јамаха, му обезбедува на возачот чувство слично како на возењето мотоцикл.
Дизајнерите на јапонската компанија потрошиле само 5 месеци во создавањето на концептниот модел. Се претпоставува дека автомобилот ќе се нуди на пазарот со еднолитарски бензински мотор.Тој е дизајниран со иновативната iStream Carbon платформа. Тоа е радикално нова технологија која користи јаглеродни влакна. Развиена е од страна на