Јанакиески: Целокупната постапка е спроведена согласно законите

Одлуката на Уставниот суд за укинување на урбанистичкиот план претставува основа за раскинување на договорот, а не пропустите во работата на комисијата, од причина што укинатиот Урбанистичкиот план претставува суштински елемент на договорот.Во врска со денешната прес-конференција на специјалното јавно обвинителство, во однос отворена истражна постапка за случајот „Топлик“, денеска со реакција излезе поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.
– Комисијата за продажба на градежно неизградено земјиште при Министерството за транспорт и врски по отстранување на забелешките од страна на претходната комисија кои се од технички карактер и по целосно комплетирање на документацијата од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, на ден 4 април 2007 година има објавено Јавна објава за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија во општина Сопиште, согласно одредбите од Законот за градежното земјиште и Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, а не согласно Законот за јавните набавки, како што беше изнесено на денешната прес конференција на СЈО.
Спротивно на наводите изнесени на денешната прес конференција на СЈО, за наводно постапување спротивно на членот 3 од Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 79, од 3.10.2001 година, објавата за отуѓување на градежното земјиште ги содржи сите задолжителни податоци кои се предвидени во споменатата уредба и тоа: податоци за градежното земјиште кое е предмет на отуѓување, почетната цена по м2 за земјиштето, рок за поднесување и начин на поднесување на пријавите за учество, депозит за учество на јавното наддавање, начин на спроведување на наддавањето и место и време на одржување на јавното наддавање, што може да се констатира од самата објава за отуѓување на предметното земјиште, објавена во печатените медиуми.
– Целокупната постапка е спроведена согласно законските и подзаконските прописи кои го уредуваат отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, што може да се констатира и од позитивното мислење на државниот правобранител, како надлежен орган за произнесување во постапките за отуѓување на недвижен имот во сопственост на Република Македонија.
– На ден 23.10.2010 година од страна на Уставниот суд на Република Македонија е донесена одлука за укинување на одлуката за донесување на урбанистичкиот план за с. Сопиште – локалитет Сончев Град, донесена од страна на советот на општина Сопиште, поради констатирани неправилности во постапката која што општината ја има спроведено, а не поради грешка и пропусти во постапката од страна на Комисијата. Овие недостатоци на комисијата за отуѓување на градежното земјиште и Министерството за транспорт и врски не им биле познати, ниту можеле да им бидат познати од причина што градоначалникот на општина Сопиште има издадено извод од наведениот урбанистички план, кој што е усвоен од страна на советот на општината, согласно што гарантира дека постапката е спроведена согласно законските одредби и урбанистичкиот план може да се спроведува. Да напоменеме, постапката за донесување на урбанистичките планови е во исклучива надлежност на единиците на локалната самоуправа.
– Одлуката на Уставниот суд за укинување на урбанистичкиот план претставува основ за раскинување на договорот, а не пропустите во работата на комисијата, од причина што укинатиот Урбанистичкиот план претставува суштински елемент на договорот. Исто така сакам да потенцирам дека одлуката на Уставниот воопшто не се однесува на наводите на СЈО за однапред познати причини за неможност на извршување на договорот од страна на Министерството за транспорт и врски, туку истата се однесува на формални недостатоци во водењето на постапката од страна на општината и тоа:
– јавната анкета која што ја спроведувала општината траела еден ден пократко од предвидениот рок со законот
– согласноста на урбанистичкиот план издадена од Министерството за транспорт и врски на ден 19.02.2007 година, општината во својата архива ја заверило на 21.02.2007 година, што е еден ден под усвојувањето на урбанистичкиот план од страна на советот на општината.
– Во однос на раскинувањето на договорот и наводите за оштетување на буџетот на Република Македонија при исплата на законска затезна камата од страна на Министерството за транспорт и врски, би сакале да ја известиме јавноста дека Министерството за транспорт и врски нема склучено договор за раскинување на договорот, што е спротивно на тврдењето на СЈО, туку истиот е раскинат со судска спогодба на ден 20.07.2011, која што е склучена помеѓу правното лице купувач, кој што е во својство на тужител и Република Македонија, претставувана од Државното правобранителство на Република Македонија за подрачје на Скопје, како застапник по закон. Согласно напред наведеното, може јасно да се утврди дека изнесените наводи на СЈО се неточни, тенденциозни и со цел нарушување на угледот и честа на поединци и институции. Согласно споменатата судска спогодба се раскинува договорот за отуѓување на градежното земјиште, а се задолжува Министерството за транспорт и врски со истата спогодба склучена од страна на Државното правобранителство единствено да ја врати купопродажната цена со законска затезна камата, а земјиштето да се врати во сопственост на Република Македонија. Согласно спомената спогодба, а со цел заштитување на имотните интереси на Република Македонија, не е прифатено тужбеното барање за исплата на надомест на име обична штета во износ од 3.380.000 евра, што јасно укажува на постапување од страна на надлежните институции, а особено на Министерството за транспорт и врски во интерес на Република Македонија и заштита на имотните интереси на Република Македонија. Би сакале уште еднаш да напоменеме дека Министерството за транспорт и врски ниту раскинало договор, ниту учествувало во спогодувањето за раскинување на договорот, туку истата постапка во целост е спроведена од страна на Државното правобранителство на Република Македонија.Единствено нешто што е преземено од страна на Министерството за транспорт и врски во постапката за враќање на уплатените средства и законски утврдената затезна камата, за што обвинува СЈО, е постапувањето согласно судската спогодба, која е извршна исправа. Непостапувањето по судска спогодба претставува основа за кривична одговорност согласно законските прописи (член 377 од КЗ), како и можност за дополнителни казнени камати на штета на буџетот на Република Македонија.
По-пластично објаснето, како што Катица Јанева денес пред УБК се повикува дека постапува согласно судска одлука, така и институциите во дадениот момент постапиле согласно судска одлука, а секое непостапување повлекува кривична одговорност. Апсурдно е што Јанева и СЈО товарат други лица и институции затоа што бил спроведуван законот и затоа што не извршиле кривично дело. Измислувањето случаи каде што сè е чисто и според Закон, како во конкретната пригода, е само уште еден јасен показател дека мисијата што СЈО си ја поставило пред себе не е да се спроведува правда, туку политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ и кампања во корист на други политички чинители во Македонија.Во врска со денешната прес-конференција на специјалното јавно обвинителство, во однос отворена истражна постапка за случајот „Топлик“,

Пронајдете не на следниве мрежи: