Јане Сандански-Пиринскиот цар

Јане Сандански, е  еден од најистакнатите дејци на Македонската Револуционерна организација, познат уште и како „Пиринскиот цар“, кој што дејствувал во Серскиот револуционерен округ.Јане Сандански, е  еден од најистакнатите дејци на Македонската Револуционерна организација, познат уште и како „Пиринскиот цар“, кој што дејствувал во Серскиот револуционерен округ.
 Роден е во село Влаи Кресничко на 18  мај 1872 год. За време на руско-турската војна живеел во Џумаја а потоа се преселил во Дупница. Тука го завршил основното образование и 2  клас класно училиште. Учел чевларски занает две и пол години. Во 1892 год. заминува во војска при што служел во 13  полк во Ќустендил до 1894 год. Потоа се вратил во Дупница каде работел како помошник адвокат кај неговиот вујко Спасе Харизнов. Тука останал се до 1899 год.
 Во 1895 год. се приклучил кон одредот „Серска дружина“ на Врховниот Македонски Комитет, којанавлегла во Македонија со цел да крене востание. Набргу бил исклучен од одредот заради недисциплина. По овој настан Сандански повторно се враќа во Дупница. Во 1896 год. дознал за постоењето на Македонската Револуционерна Организација. Во 1897 год. се формирала четата на Крсте Захариев од с. Ореовец. Во оваа чета влегол и Сандански. Четата стигнала до селото Лопово на планината Пирин. Тука дошло до судир со турската војска. Сандански бил ранет во левата рака. Четата се вратила во Бугарија, а Сандански во Дупница за да се лекува. После овој настан Сандански се зарекол дека додека не разбере како стојат работите со делото во Македонија, нема никому да биде орудие.
 Кон крајот на 1897 год. било основано друштвото „ Младост “ во кое влегле Христо Јарков, Димитар Манојлов, Александар Млаџов, Никола Златков, Батанов и Христо Марков. Сандански бил претседател на ова друштво се до 1899 год. Истата година за запознал со Гоце Делчев и се вклучува во ТМОРО.
Во февруари истата година станал директор на Дупничкиот затвор. Го реорганизирал македонскотo друштво во Дупница. Претседател на друштвото станал Ѓорѓи Паничаревски а Сандански станал потпретседател. Во 1899 год. Сандански се запознава со Ѓорче Петров и заедно со него од 1900 година започнува да се бори против врховниот комитет. Истовремено доаѓа до превирања во врховниот комитет помеѓу Борис Сарафов и генералот Цончев. Сарафов барал до Сандански да застане на негова страна. Тој застанал на страна на средната листа Михајовски, Кепов и Владимир Димитров. ТМОРО формирала повеќе револуционерни кружоци и тоа во: Софија, Ќустендил, Дупница и Шумен. Кружоците биле основани по идеја на Гоце Делчев. Со цел да го спречи врховистичкиот пробив во Горноџумајско, Гоце Делчев во овој реон ги испратил Јане Сандански и Христо Чернопеев. Летото 1901 година од левата страна на Струма се нашла врховистичката чета на капетан Стојанов . Заради тоа во април 1901 год. Сандански со својата чета започнал со подготвителна работа во пограничните региони: Џумајскиот и Разлошкиот.
Во летото 1901 год. Сандански одлучува да го грабне протестантскиот мисионер д-р Хаус. Но наместо д-р Хаус во Разлошко пристигнала мис Стон и тој се одлучува да ја грабне неа. Акцијата му била доделена на Чернопеев кој вечерта на 21  август заробува три жени на патот помеѓу Банско и Горна Џумаја и тоа: мис Стон, нејзината другарка Цилка и една баба. Тие ја ослободуваат бабата која се онесвестила од страв а ги земаат со себе двете жени. Веста за грабнувањето бргу се раширила по светот. На 21 декември Цилка се породила со помош на две жени и родила ќерка. Започнале преговори за откуп кои се воделе во Цариград и Софија. Како посредници биле ангажирани рускиот дипломатски агент во Софија, Бехтемев и неговата сопруга. Сандански барал откуп од 25000 лири. Четата на Сандански била нападната во село Тросково од една врховистичка чета предводена од војводата Дончо. Престрелката траела 10 часа и завршила со повлекување на четата на Сандански кон селото Лешко. Поради ова барањето за откуп било намалено на 14000 лири. На крајот д-р Хаус придружуван од 250 души аскер ги донел парите во сандачиња во Банско а жените биле пуштени на слобода.
Вомеѓувремепродолжилеборбитесоврховниоткомитет. Јане Сандански се спротивставил на ангажирањето на Борис Сарафов во ТМОРО, заканувајќи се со отцепувањето. На6  април 1902 година Сандански со своите приврзаници пристигнал во Делвино. Таму тој го убедувал народот дека ТМОРО е вистинската организација која се бори за слободата на Македонија и дека луѓето од ВМК се инструмент на бугарскиот двор кој сака да крене востание во Македонија по секоја цена. Од таму оди во останатите реони со цел да го придобие тамошното население на страната на организацијата. На 6 август 1902 година Сандански се судрил со една врховистичка чета крај реката Струма. При ова престрелка загинало едно момче од четата на дедо Иљо по име Стојан. По ова и Сандански со својата група убиле двајца од врховистичката чета. Тоа биле Стојмен од од с. Микрево и Атанас Јанков од Бугарија. По ова врховистите се разбегале. Сандански со својата група заминал за Кресничко. Потоа тој продоложил да агитира меѓу населението во повеќе реони во Македонија. При престојот во Ловча Сандански добил писмо од Серез во кое го прашуваат  дали се согласува да се крене востание во Македонија. Тој побарал објаснување кои биле мотивите на Централниот комитет да ја донесе таа одлука. Добил образложение дека мигот бил погоден и дека дипломатијата била наклонета. По тој повод Сандански ги собрал раководителите од Мелничкиот регион. И тие се изјасниле против одлуката на ЦК за кревање на општо востание. Притоа имал средба со Гоце Делчев кој исто така бил против одлуката на ЦК и се залагал за  партизанско војување. По ова Сандански заминал за Демирхисарско. Било извршено минирање на тунелот и мостот кај Анџиста. По ова Сандански продоложил со обиколка на повеќе села во Мелничко. На 21 февруари пристигнал во с. Орманите. Тука се одиграла борба со турскиот аскер. Сандански го убил јусбашијата а останатите побегнале. По ова Сандански заминал за Софија. Тука престојувал еден месец и пак се вратил во Мелничко.
Конгресот на Серскиот револуционерен округ се одржал од 18. до 20. 08. 1903 година во месноста „ Ливадката “.Било одлучено да се започне со терористички акции на 14/27 септември. Исто така било одлучено востаничките дејствија да имаат партизански карактер. Во Серскиот округ пристигнале 500 до 600 души под команда на врховистички војводи, предводени од Иван Цончев. На средбата со врховистите, Сандански го истакнал самостојниот карактер на ТМОРО. По средбата Сандански со својата група заминал за Мелничко. Дошло до судири со турскиот аскер. По пет часовна борба Сандански со својата група се извлекол и заминал за Разлог а оттаму на 29  септември заминал за Бугарија. По завршувањето на Илинденското востание дошло до појава на две струи во организацијата и тоа: конзервативната предводена од Христо Матов и реформско-демократската предводена од Јане Сандански. Во меѓувреме Сандански  продолжува со судирите со врховистичките чети во  Серскиот револуционерен округ. Во април 1905 год. се судрил со четата на капетан Јордан Стојанов кај с. Кашино Мелничко.
Учествува на Рилскиот конгрес во 1905 год. На овој конгрес тој ја претставувал реформско-демократската струја, која се залагала за децентрализација во организацијата. Исто така Сандански со своите приврзаници од Серскиот округ барал да биде казнет Борис Сарафов заради своите дела со кои и нанел штета на организацијата. Меѓутоа под влијание на Ѓорче Петров, Сандански изјавил „дека во минатото сите грешеле“ и се откажал од обвинението против Сарафов. На овој конгрес организацијата добила ново име Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација(ВМОРО).
 Наскоро по конгресот  доаѓа до расцеп во организацијата. Приврзаниците на конзервативната струја предводени од Иван Гарванов, Христо Матов и Борис Сарафов, планирале ликвидација на Јане Сандански. Ликвидацијата требало да ја изврши Тодор Паница, близок соработник на Сандански, кој му кажал за заговорот на Сандански. Поради тоа Сандански му дал наредба на Паница да ги убие Гарванов, Сарафов и Матов. Паница започнал да се дружи со Гарванов и Сарафов, убедувајќи ги дека се скарал со Сандански. На една средба во еден бугарски хотел Паница, со два пиштоли во раката ги убил Гарванов и Сарафов(додека Матов не присуствувал на средбата и го избегнал атентатот. Поради овој настан Сандански и Серчани биле осудени на смрт од страна на конзервативната струја, и им било забрането да влегуваат во Бугарија. Наскоро од страна на конзервативната струја бил одржан Ќустендилскиот конгрес, по што дошло до дефинитивен расцеп во организацијата.
 По расцепот Сандански со своите приврзаници ја формира Македонско-Одринската Револуционерна Организација(МОРО). За време на  младотурската револуција МОРО се трансформира во Народна федеративна партија. За време на првата балканска војна Сандански учествува на страната на балканскиот сојуз со својот самостоен одред кој броел 500 борци.
За време на Првата Светска Војна Сандански  бил против влегувањето на Бугарија во војната на страна на Централните сили. Поради тоа сакал да изврши атентат врз  бугарскиот цар Фердинад. Но царот Фердинанд дознал за заговорот против него и наредил да се убие Јане Сандански.   Така  по наредба на Бугарскиот цар Фердинанд, Јане Сандански бил убиен на 22 април 1915 година.
Јане Сандански целиот свој живот го посветил на борбата за создавање на автономна македонска држава во нејзините етногеографски граници, притоа бранејќи ја самостојноста на Македонското Револуционерно Движење од надворешни посегања. Затоа и денес со право многу македонски училишта, населби, булевари го носат името на големиот македонски револуционер, „Пиринскиот цар“ Јане Сандански. 
 
Историчар Ненад СаздовскиЈане Сандански, е  еден од најистакнатите дејци на Македонската Револуционерна организација, познат уште и како „Пиринскиот цар“,

Пронајдете не на следниве мрежи: