За младите фудбалери кон нивниот професионален пат, многу зависи работата во нивните младински категории. Исто така и условите во кои тоа дете ќе тренира, и ќе се надградува, а ФК Вардар со изградбата на Фудбалската Академија доби модерен комплекс кој што овозможува правилен развој на еден млад талент. На него само е желбата да работи и секојдневно да се надградува, и еден ден да го исполни сонот – да стане стандарден првотимец во најтрофејниот македонски клуб, и со гордост да го носи дресот на националниот тим.Тренерот на генерацијата 2001 година или генерацијата помлади пионери на ФК Вардар, Сашо Јанев истакнува дека условите се важен фактор, и дека Вардар има одлична фудбалска Академија која ќе треба да послужи за надградување на младите играчи.
-Овие услови кои ги има сега во Вардар со изградбата на Фудбалската Академија се многу подобри од минатото, а се одлична „подлога“ за развој на младите играчи. Треба само со напорна работа да се надградуваат и да одат напред. Талентот игра улога, но без работа не може ништо да се стори. Имаме одлични услови и сето тоа треба да се искористи, вели Јанев.
Јанев смета дека неговите момци можат многу подобро од сегашниот биланс од почетокот на оваа сезона.
-Во целина не сум задоволен затоа што знам дека овие момци можат и подобро. Но тоа се деца кои во години осцилираат и мислам дека можат и треба да бидат многу подобри. Се надевам дека во идните натпревари ќе бидеме уште подобри, изјави Јанев кој во стартните шест гола има три победи, еден нерешен резултат и два порази.
Предводникот на помладите пионери смета дека во оваа фаза екипата игра улога, а не поединците, па потоа квалитетот на некои играчи ќе исплива на површина.
-Неблагодарно е да се зборува за поединци. Иако се засиливме со некои деца, во овие генерации мислам дека не игра улогата на поединец. Прво екипата, па потоа некој фудбалер може да исплива на површина. Поединецот ако сака да даде гол, доколку нема екипа тогаш ниту тој нема да може да ја постигне целта. Затоа во тие генерации треба во преден план да се стави екипата, тимот, а потоа поединецот, рече Јанев.
Тренерот во младинската школа на Вардар се надева дека од неговата генерација ќе има деца кои во иднина ќе бидат дел од сениорите на „црвено-црните“, и ќе станат големи фудбалери.
-Се надевам дека ќе биде така, дека некои од овие играчи ќе ги гледаме во иднина на големата фудбалска сцена. Ние тренерите се трудиме и работиме правилно да се развиваат, но не зависи само од нас и од условите кои ги имаме. Туку и од самите деца кои ќе треба да работат. Реков дека талентот е само 10-20 %, останатото е работа и само работа. Сигурно дека очекуваме после едни вакви услови да излезат голем број на фудбалери во иднина, меѓутоа тоа зависи од многу фактори. Во секој случај ние имаме одлични услови, го спроведуваме она што е замислено и сега останува само сето тоа да добие реализација во иднина, заврши Јанев.Тренерот на генерацијата 2001 година или генерацијата помлади пионери на ФК Вардар, Сашо Јанев истакнува дека условите се важен фактор, и дека Вард