Јанева чека по телефон некој да ѝ ги издиктира одговорите на прашањата од пратениците!

Пратеничката Солза Грчева на денешното продолжение на Комисијата за политички систем удри жестоко кон Катица Јанева. Грчева на почетокот нагласи дека Јанева покажа основно непознавање на декократијата и политичкиот систем.„СЈО и Јанева покажа незнаење за тоа што е демократија и политички систем. Не знаете што е по Устав и дефиниција народен пратеник. Успеавте еден од  најискусните пратеници овде, г-ѓата Роза Топузова да ја изнавредите со тоа што и рековте дека зад неа не стојат гласачи. Зад вас кој стои, г-ѓо Катица Јанева? Пуштете телевизор, ако знаете англиски, бидејќи се залагате за двојазичност и гледајте BBC да видите како изгледа англиски парламент и да видите дека таму има цел блок на независни пратеници. Но изгледа терминот независен пратеник воопшто не ви е познат. Тоа се учи во училиште, а не во турбофолк средина“, рече Солза Грчева.
Во продолжение Грчева се осврна и на неспособноста на Јанева да одговара на прашања од пратениците, а притоа без да чека напишани одговори по телефон и суфлирање од пратениците од СДСМ кои седеа позади неа. Дополнително, таа ја запраша Јанева и за тоа како му одговори на Рафиз Алити кој своето прашање го постави на албански јазик, а истовремено Јанева немаше слушалки за превод.
„Видовме вчера дека не сте способна на ниедно прашање веднаш да одговорите. Чекавте по телефон некој да ви ги испрати одговорите, а суфлерите позади вас веќе беа снимени од камерите. Вие кога зборуваше Рафиз Алити не ги имавте ставено ни слушалките. Дали можеби разбирате албански? Како потоа му одговоривте?“, истакна Грчева.
На крајот, Грчева и посочи на Јанева дека таа не е ништо повеќе од едно големо разочарување и дека нејзиниот капацитет не е доволен за справување со организиран криминал.
„Жалам што многу луѓе останаа разочарани од СЈО. Јас не ве гласав бидејќи не можам да замислам во 21 век, во една модерна Македонија, некој што работел само на бракоразводни парници, може да се зафати со истражување на организиран криминал. Вие докажавте дека тоа ви е нивото, тука треба граѓаните да ги ограничат своите очекувања од вас“, заврши Солза Грчева.„СЈО и Јанева покажа незнаење за тоа што е демократија и политички систем. Не знаете што е по Устав и дефиниција народен пратеник. Успеавте е

Пронајдете не на следниве мрежи: