Јанева и Фетаи ќе чекаат решение за казна за да решат како да ја платат

Специјалните јавни обвинителки Kатица Јанева и Фатиме Фетаи ќе чекаат да добијат решение за казнување за да решат на кој начин ќе ја платат казната што им е изречена на завчерашното рочиште во Основниот суд Скопје 1. Ова произлегува од одговорот што „Дневник“ го доби од СЈО на новинарските прашања во врска со тоа како специјалните обвинителки ќе се решат да ја намират обврската која изнесува 4.000 евра.– Во врска со поставените прашања, ве известуваме дека с` уште го немаме добиено решението за казнување од Основниот суд Скопје 1 Скопје поради што во овој момент не сме во можност да ви одговориме на прашањата. По добивање на решението, ќе бидете известени за она што ви е предмет на интерес – се наведува во кусиот одговор.
Тие сега имаат право на жалба на одлуката на судијката Михајлова. Во согласност со одредбите од член 88 од ЗKП, против решението на судија за казнување дозволено е право на жалба до советот од член 25, став 5 од ЗKП. Рокот за плаќање е определен од страна на судот и се наведува во решението за казнување.
Меѓутоа, на самото рочиште кога се случил нивниот инцидент со судијката Татјана Михајлова, специјалната обвинителка Фатиме Фетаи изрекувањето на казните го прокоментира со зборовите дека тие казни „ќе бидат платени од буџетот, со парите на граѓаните“.
„Дневник“ вчера пишуваше дека во Законот за СЈО не се предвидени парични средства од кои специјалните обвинители би плаќале судски казни кои евентуално ќе им се изрекуваат. Предвидено е само дека финансирањето на ова обвинителство се состои од средства за плати и надоместоци за јавните обвинители, плати и надоместоци за вработените во јавнообвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советување и мислења од експерти. Тука се вклучени и средства за професионално унапредување на јавните обвинители и вработените во јавнообвинителската стручна служба, добивање капитални инвестиции и средства за одржување на просториите и опремата во јавните обвинителства.
-Ова значи дека во законскиот текст не е децидно наведено дека со буџетските средства може да се плаќаат и високите казни што ќе им бидат изречени во текот на некоја постапка. Може да се претпостави дека во случајот на плаќањето на казните од буџетот на СЈО тоа ќе биде „објаснето“ со „трошоците за време на постапките“. Но, таа одредба која е наведена во Законот за СЈО се однесува на оние трошоци што се нужни во текот на судските процеси и потребите за нив и сигурно не се мислело да се трошат средствата за нешто што не е нужно, туку е резултат на неприфатливото однесување на специјалните обвинителки. Доколку казната сега биде платена од буџетот на СЈО, тогаш тоа ќе значи дека и во идни ситуации ваквите недозволени трошоци ќе се платат од парите на граѓаните, пишува весникот.– Во врска со поставените прашања, ве известуваме дека с` уште го немаме добиено решението за казнување од Основниот суд Скопје 1 Скопје пора

Пронајдете не на следниве мрежи: