Скандалозно е лица кои се задолжени за односи со јавност, кои имаат допир со чувствителни материјали, да се кријат од медиумите и јавноста.Тоа покажува колку СЈО е нетранспарентно и колку СЈО работи по налог на СДСМ и само за медиумите под контрола на СДСМ/СОРОС, пишува Журнал.нет.
-Поминаа две недели откако медиумите покажаа интерес за ангжманот на Нора Шаќири, Огнен Јаневски и Панта Џамбазовски, но се уште има само молк од СЈО и Катица Јанева. Сите ние, граѓаните на Македонија, што барем малку следиме дневна политика, точно знаеме кои се Огнен и Нора. Огнен Јаневски е ангажиран како близок пријател на Катица Јанева и во СЈО требало да ја научи како да чита соопштенија и да се однесува пред камера. Јаневски, според луѓе блиски до Јанева, е ангажиран за тренинзи, поврзани со говор на телото, дикција, кога да се смее на пресот, како да не излегува од контрола. Како да постапува кога не знае што да каже, да повторува една иста реченица. Нашите извори потврдуваат дека, многу бавно одела операцијата, па се одлучиле за втората варијанта со Нора, пишува порталот.
Нора Шаќири, на предлог на Јаневски е ангажирана во СЈО со задача да оддржува пресови.
-Нашите извори твдат дека и таа не се покажала, па се премислиле уште еднаш. Сепак, вежбите биле во поодмината фаза и за да може Катица правилно да ги применува, организаторите на обуките често пати викале и медиуми под контрола на Сорос. Јавна тајна е дека задачата на Нора сега е, некој вид на “кол грл“ за одговори, телефонски, на прашања на новинари блиски до нејзиниот матичен медиум – Бриф и медиумите блиски и под контрола на СОРОС-СДСМ, пижува Журнал.нет.
„Одржани се низа пробни прес конференции за увежбување на водење на пресови, на кои, од медиумите, како „пробни новинари“ беа поканувани само три медиуми, од кои 2 се портали и еден весник“ тврди соговорникот за порталот Журнал.
„Новинарите блиски до Соросовата СДСМ, по цел ден се во СЈО и ги имаат сите, ама буквално сите, информации за истражни и предистражни постапки кои ги објавуваат за предизвикување на тензии и психолошки стрес.“
Панта Џамбазовски, според информациите на Журнал, исто така требало да биде дел од тимот во МРТВ, но во последен момент одлучил да прифати ангажман со СЈО и е задолжен за одговори на прашања кои ке се доставуваат на меил преписка со медиумите кои не се под контрола на СДСМ.Тоа покажува колку СЈО е нетранспарентно и колку СЈО работи по налог на СДСМ и само за медиумите под контрола на СДСМ/СОРОС, пишува Журнал.нет.