На само еден час од почетокот на закажаното рочиште за главна расправа за „Пуч“ специјалната обвинителка Kатица Јанева, која го презеде овој предмет, и пишала на судијката Љубинка Башевска дека нема да дојде на рочиштето и дека бара одложување. Имено, Јанева го презеде „Пуч“ пред десетина дена, а во меѓувреме уредно ја примила и поканата од судот за вчерашното рочиште, пишува „Дневник“.Сепак, местото за обвинителот во судницата 1 во скопскиот Kривичен суд остана празно. На судијката Башевска, иако беше зачудена од ваквиот однос на Јанева кон судот, кој не го удостои со лично присуство, не и остана ништо друго освен да го презакаже рочиштето за 14 јануари 2016 година во 10 часот.
Писмо во 9 и 15
– Kако што можете да видите, нема присутен јавен обвинител. Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското прислушување уредно е повикано за рочиштето. Во судот вчера во 9.15 часот пристигнато е известување од обвинителството со барање главната расправа да се одложи поради потребата да се разгледаат сите докази што се дел од судскиот предмет. Ова ќе мора да го уважам иако сметам дека некој од нив требаше да се појави во судот – коментира Башевска, пренесува весникот.
Рочиштето за „Пуч“ беше закажано за 10:30 часот. Паралелно со писмото до судијката, Јанева вчера испрати писмо со кое и се обрати на јавноста, а во кое потврдува дека бара одложување на рочиштето.
„Побарано е одлагање на главната расправа по предметот познат во јавноста како „Пуч“ од причина што потребно е целосно да бидеме запознаени со содржината на доказите кои се доставени до судот, а кои не се содржани во обвинителскиот предмет што ни беше доставен“, пишува во обраќањето на Јанева, пренесува „Дневник“. За да нема забуна, од Јавното обвинителство на РМ и бил доставен целиот предмет, но во судскиот предмет кај Башевска има и други документи, па Јанева барала увид и во нив. Во соопштението нема објаснување зошто досега не побарала увид во целиот предмет со оглед на тоа дека рочиштето за ова судење беше познато поодамна.
„Дневник“ уште пред една недела објави дека Јанева ја примила поканата за „Пуч“, но дека веројатно е дека ќе бара одложување со образложение дека ги нема проучено целиот предмет и доказите.
„Бараме правда“
За разлика од тоа што Јанева не дојде, првпат на ова рочиште беа присутни сите обвинети во „Пуч“, вклучително и Зоран Заев, лидерот на СДСМ, обвинет за обид за насилство врз носител на највисоката државна функција, т.е. за уцена на премиерот Никола Груевски со снимки од прислушување. Во судницата беа присутни и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски, вработен во МВР, и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица, обвинети за шпионажа.
– Пред десетина дена специјалното обвинителство не информира дека предметот „Пуч“ е под негова надлежност. Се појавивме бидејќи стоиме до зборот. Но она што е важно, специјалното јавно обвинителство како независна институција вроди надеж кај сите граѓани на Македонија дека се враќа процесот на вистината, на правдата – изјави Заев пред судот.
ЗАЕВ: САМО ЈАС ЗНАМ КАКО ТРЕБА ДА СЕ ЧУВААТ СНИМКИТЕ
Никој во државата, освен Зоран Заев, не знаел како и под кои услови и заштита треба да се чуваат материјалите од незаконското прислушување што тој ги поседува. Заев ова го изјави на новинарско прашање зошто се уште не и ги предава снимките од над 600.000 илјади разговори на 20 илјади граѓани на специјалната обвинителка Kатица Јанева и покрај тоа што премиерот Никола Груевски потврди дека е донесена одлука за 24-часовно полициско обезбедување на Јанева, но и самото СЈО потврдува дека има услови да ги прими снимките.
– Само јас знам што треба за чување на тие материјали, 11 месеци сум ги чувал поради доверливата природа. Јас сум совесен носител на вакви информации кои задираат во приватната и интимната природа на огромен број граѓани, штом ќе бидат обезбедени условите за чување на тие материјали, како совесен имател, материјалите ќе бидат предадени – рече тој.
Целиот текст прочитајте го на ДневникСепак, местото за обвинителот во судницата 1 во скопскиот Kривичен суд остана празно. На судијката Башевска, иако беше зачудена од ваквиот однос на