Јанева: Ќе бараме притвор и за претседателот на една политичка партија

Вкупно 17 обвиненија за 18 предмети против 94 лица во текот на овие два дена ќе бидат пренесени од Специјалното јавно обвинителство до Кривичниот суд, соопшти денеска специјалната обвинителка Катица Јанева.Таа рече дека имаат цврсти докази и дека ќе ја докажат вината на осомничените пред судот.
„СЈО доследно го почитува начелото на транспарентност и нема да отстапи од него ниту денес. Несомнено сметам дека имаме обврска на целата јавност да ѝ овозможиме увид во она што претставува потврда на работата на СЈО“, рече Јанева и додаде дека СЈО, иако било формирано на 15-ти септември 2015-та година, фактички работело само 10 месеци.
Јанева рече дека обвиненијата се однесуваат за сериозни злоупотреби на институционалните капацитети, злоупотреба на службената положба и за злоупотреба на постапките за јавни набавки.
Јанева информира дека за предметот „Талир“, кој го истражува начинот на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе продолжи. 
„За Талир истражната постапка е отворена пред еден месец, беа преземени огромен број дејствија, сепак, временските рокови не дозволија преземање на сите истражни дејствија“, рече Јанева.
На крајот Јанева рече дека таа и нејзиниот тим се цврсто убедени дека со судските постапки ќе докажат дека обвинетите ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар. 
„Ја уверувам јавноста дека ниту денешниот ден, ниту 30 јуни, ниту 1 јули не менува ништо во фактот што ова обвинителство како независна институција има капацитет и ќе продолжи преку независни истраги во соодветни законски постапки да докаже вина кај сите осомничени“, рече Јанева.Таа рече дека имаат цврсти докази и дека ќе ја докажат вината на осомничените пред судот.
„СЈО доследно го почитува начелото на транс

Пронајдете не на следниве мрежи: