ЈАНЕВА МУ ВОЗВРАТИ НА МИЛЕНКО: „Лажеш, имам и 4 осмици!“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева реагираше на документираното тврдење на Миленко Неделковски дека за време на своите студии на правиот факултет имала само 6-ки и 7-ки.Кога слушнала за информацијата, Јанева значи била значи шокирана, како што соопшти предмалку самата обвинителка.
„Кога ми кажаа дека значи имам само шестки и седумки бев шокирана и тоа е значи лага значи јас имам и осмици и тоа е вистината која ќе ви ја потврди и мојот заболекар значи дека тоа се значи четири осмици кои ги имам јас, а како што сум запозната дури и една деветка можела да ми порасне кога ќе имам над сто години, значи тоа е она што ми го соошти мојот стоматолог и тоа е значи во моментов она што е значи факт“, изјави значи Јанева.
Таа најави дека веднаш ќе направи рендген снимка на својата усна шуплина која ќе ја презентира на наредната прес-конференција на СЈО по повод истрагата за прислушуваните документи од правниот факултет т.е. бомбите кои ги објави Миленко и со кои се дозна дека Катица Јанева всушност навистина е една специјална значи личност.
На прес конференцијата неофицијално дознаваме дека Јанева ќе лежи на забарски стол и секој ќе може да дојде, да и ги изброи и пипне осмиците за да се увери дека се вистински и заслужени и за да се докаже дека Миленко безобразно лаже, после што логично нели, Фатиме Фетаи ќе го опише случајот на албански, па ќе биде побарано да биде притворен.
Дознаваме дека новата истрага по повод вистината за оцените на Катица Јанева СЈО ќе ја нарече „Тупајзер“.
Кромиди Запад*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
(Република)Кога слушнала за информацијата, Јанева значи била значи шокирана, како што соопшти предмалку самата обвинителка.
„Кога ми кажаа дека

Пронајдете не на следниве мрежи: