Како што минуваат деновите и стивнуваат страстите по театралната прес конференција на Катица Јанева и нејзините колешки, така на површина излегуваат нови контрадикторности околу барањето за притвор кое Специјалното јавно обвинителство го поднело до судијата на претходна постапка.За две од лицата за кои е побаран притвор, како основ за истиот се наведува можноста тие да го повторат делото. Овие лица се вработени во Министерството за внатрешни работи и делува апсурдно да се бара притвор за службени лица под објаснување дека постои можност да ги повторат делата во управните служби. Имено, доколку техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека постои сомнеж за такво нешто кај овие лице, тој самиот може истите да ги смени. Спасовски досега покажа дека не го интересираат законите и дека по партиска линија менува кого ќе посака, а службениците за кои се бара притвор воопшто не се сменети.
Со тоа и самиот Спасовски докажува дека барањата за мерка притвор кои ги испорачува Катица Јанева се само алиби за напади врз судството и подгревање на тензии.
Во прилог на аргументите за барање на притвор не се приложени никакви докази, освен искази на двајца сведоци кои претходно се подготувани во кабинетот на Спасовски, кој освен што е министер, се уште ја има и партиската функција – генерален секретар на СДСМ, партијата која ги поднесе кривичните пријави барзирани на незаконски прибавени и монтирани снимки.
По тој основ, Спасовски е и директно инволвирана странка во процесот што според правниците е спорен.
Начинот на работа на СЈО на чело со Катица Јанева, пак, наиде на остри осуди кај граѓаните кои велат дека таму не се работи по закон, туку по директива.
Барањето на Специјалното обвинителство за покренување на истрагата има сериозни недостатоци и пропусти и се базира на стаклени нозе и е без докази.
Во суштина целото барање на Специјалното јавно обвинителство за покренување на истрага се потпира на гласини и впечатоци добиени од незаконско прислушкуваните и стекнати материјали кои пак судот ги исклучи како незаконски стекнати кои не можат да служат како доказ.
Граѓаните остро реагираат на ваквото однесување на Катица Јанева и нејзиниот тим од обвинители. Тие се револтирани од незаконското постапување.
Преку социјалните мрежи, граѓаните испраќаат пораки дека СЈО не работи според законите и уставот, туку по нечија агенда која е повеќе во корист на политичка партија отколку за она што е наменета.За две од лицата за кои е побаран притвор, како основ за истиот се наведува можноста тие да го повторат делото. Овие лица се вработени во Министерс