Јанева невкусно облечена на првото појавување во Собрание

Обвинителката се појави во шарено сако, но и со сукња над колена. Тоа наиде на мало негодување кај дел од пратениците, со оглед дека постои кодекс за облекување во Собрание.Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, освен како прв човек на СЈО, во јавноста е позната и по големиот број промашувања што ги прави кога станува збор за изборот на облека при јавни настапи. На интервјуто на МТВ од пред неколку дена таа се појави со хулахопки од тантела, што можеше да се види и во крупен кадар на снимката од телевизискиот разговор.
Необичен избор на облека таа направи и при денешното нејзино прво појавување во македонското Собрание, каде што пред собраниската Комисија за политички систем го презентира вториот шестмесечен извештај за работењето на СЈО.
Јанева се појави во шарено сако, но и со сукња над колена. Тоа наиде на мало негодување кај дел од пратениците, со оглед дека постои кодекс за облекување во Собранието, а според кој пратеничките можат да носат сукњи, но до колена или под колена.

Како што веќе објавивме во наша анализа за изборот на облека на пратениците и на пратеничките, голите прсти, маичките на прерамки, но и сукњите над колена не се препорачливи за носење во законодавниот дом.
 
„Не се препорачливи светли бои со принтови, фризури како за на свадба, сандали со отворени прсти се забранети. Да се внимава колку е отворено деколтето, здолништата да бидат до колена или под колена. Им препорачувам малку да се угледаат на светските политичарки – потемни костими кои ја отсликуваат линијата на телото, но не се претесни, палто со едно копче кое идеално го отсликува струкот и фустани со А-крој“, истакна дизајнерот Небојша Толески во изјава објавена во анализата на дрес-кодот во Собрание.
 
Извор: Телеграф.мкСпецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, освен како прв човек на СЈО, во јавноста е позната и по големиот број промашувања што ги прави к

Пронајдете не на следниве мрежи: