ЈАНЕВА ОТКРИ: Еве колку прислушувани разговори и предал Заев!

Постапувајќи согласно членот 7 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Јавниот обвинител кој раководи со ова Јавно обвинителство – Катица Јанева денеска до Собранието на Република Македонија и Советот на јавните обвинители го достави Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за периодот од 15.09.2015 до 15.03.2016).„На екстерниот хард диск се содржани вкупно 546.948 (петстотини четириесет и шест илјади деветстотини четириесет и осум) фајлови, од кои 540.646 (петстотини четириесет илјади шестотини четириесет и шест) се аудио фајлови и 6.302 (шест илјади триста и два) фајлови се со различен формат (word, excel, PDF и други)…
Во печатена форма доставени се вкупно 23 (дваесет и три) спирално укоричени книги со вкупно 18.155 (осумнаесет илјади сто педесет и пет) страници, на кои се содржани вкупно 119.088 (сто и деветнаесет илјади осумдесет и осум) транскрипти од разговори и СМС пораки. Доставени се и вкупно 1.828 (илјада осумстотини дваесет и осум) листови со испечатен текст кои не беа нумерирани, а кои Комисијата ги нумерираше со бројки од 1 до 1828.“ – стои во извештајот на СЈО
ОД СЈО информираат дека од денеска во функција е нова интернет страница: www.jonsk.mk  каде може да се најдете текстот од извештајот.
– Со оглед дека се уште немаме вработено лица кои ќе можат да извршат превод на содржините од интернет страницата, ве известуваме дека преводот кој е на располагање е автоматски и не е соодветен и во најскоро можно време ќе бидат извршени корекции, велат од СЈО„На екстерниот хард диск се содржани вкупно 546.948 (петстотини четириесет и шест илјади деветстотини четириесет и осум) фајлови, од кои 540.

Пронајдете не на следниве мрежи: