Уште пред да биде Верушевски ослободен од притвор по барање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во гостувањето на 24 Анализа истакна дека тоа ќе нанесе голема штета на целиот процес.Јакимовски во емисијата која се емитуваше на 29-ти декември потенцира дека Јанева е избрана на неуставен начин и дека таа има задача пред граѓаните на Република Македонија да дојде до вистината.
-Чудна е и шизофрена ситуацијата во која што оној кој ги штити државните интереси, обвинителот, а не одбраната на обвинетиот бара ослободување, односно пуштање од притвор. Од друга страна обвинетиот Верушевски се брани со молчење, а се уште имаме недешифрирани податоци кои обвинетиот ги имал кај себе. И она што е најбитно, имаме признание од осуден кој е на одлежување на својата затворска казна, кој потврдува дека снимал по налог на Верушевски и за тоа примал пари. Доколку Катица Јанева, која е избрана на неуставен и незаконит начин даде едностран призвук на целата оваа ситуација како Специјално обвинителство, ќе нанесе голема штета на целиот процес и ќе нанесе штета на кредибилитетот на цела оваа ситуација затоа што мислам дека интересот на сите граѓани на Република Македонија е да се дојде до вистината. И практично, Специјалното обвинителство ја има таа задача да се дојде до вистината, истакна Јакимовски.
Ставот на неговата партија, посочи, е дека не може некој што е избран на незаконит начин, да гони евентуално осомничени кои го кршеле законот. Во Специјалното јавно обвинителство се случува циркуз, вели Јакимовски, а тоа е само почеток на она што ќе се случува.
-Ако Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева има едностран пристап кон целата оваа работа, мислам дека ќе одигра само еднократка епизода и ништо повеќе во оваа нејзина обвинителска кариера, потенцира Јакимовски.Јакимовски во емисијата која се емитуваше на 29-ти декември потенцира дека Јанева е избрана на неуставен начин и дека таа има задача пред граѓаните