Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера се појави на Кривичен суд и потенцира дека СЈО и Заев прават политичка хајка која нема да им успее.За експертите, однесувањето на СЈО е скандалозно. Тие коментираат дека работата на Катица Јанева и обвинителите не се базира на докази, аргументи и закони, туку на партиски обвинувања и насоки. Се докажа дека нејзините обвинувања се неосновани и дека нема никакви докази за обвинувањата со кои ги терети високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Откако вчера се јавија на суд, Судот пресече дека нема основ за одредување на мерки за претпазливост.
Универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска вели дека СЈО е поставен како орган кој наместо да ги заснова своите обвиненија или сомневања врз цврсти докази, треба да креира правни шпански сапуници со наводни, често пати, измислени индиции кои не можат во ниту еден случај да бидат правна основа врз која ќе се заснова еден издржан обвинителен акт.
-Од самиот почеток на работата на СЈО овој орган, кој е противуставно насаден во уставниот поредок на земјата, се забележува дека наместо да работи во согласност со законите, се постави како партиски портпарол и извршител на прогонските политики на СДСМ. Да потсетиме на неодамнешните театрални и холивудски прес-конференции на овој орган кои воопшто не се во согласност со она што е редовен, стандарден начин на работа и презентирање на јавнообвинителските предмети. Од самиот почеток се виде дека СЈО е вметнат во системот со единствена цел, да биде политички егзекутор на водечките луѓе во ВМРО-ДПМНЕ. Во реализацијата на стратегијата за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО е поставен како орган кој наместо да ги заснова своите обвиненија или сомневања врз цврсти докази, треба да креира правни шпански сапуници со наводни, често пати, измислени индиции кои не можат во ниту еден случај да бидат правна основа врз која ќе се заснова еден издржан обвинителен акт, вели професорката.
Со ваква едностраност на СЈО, според неа, не може ниту да се очекува дека овој орган ќе биде способен да делува согласно со начелата на легалитет, пресумпција на невиност, самостојност и независност од “сдсмовската и од стегата на неколку странски амбасадори ставена околу вратот на специјалниве“.
-За двојните аршини во нивната работа не треба многу да се говори. И обичен правен лаик може да забележи различен пристап кон предметите, различен аршин на делување кога се постапува кон приврзаниците и помагателите на опозицијата, од една, и кон луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна. Впрочем, може да се забележи дека СЈО не отвори самостојно ниту еден предмет против лица од СДСМ, што е врв на пристрасноста на овој орган. Таа целосна покорност кон СДСМ го стави СЈО во еден од најпроблематичните органи што воопшто постоеле и работеле во нашиот правен систем од осамостојувањето до денес. Хајката што СЈО ја започна со прогон на водечките луѓе на ВМРО-ДПМНЕ нема шанса да успее заради нејзината провидност и правна незаснованост. Најновите сензационални барања за одобрување мерки за претпазливост од судот за тројца претставници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и за лидерот на партијата, се повеќе од комични и се само потврда дека СЈО нема правен компас, туку дека работи исклучиво врз основа на политичките насоки и напатствија на правниот тим на СДСМ. Да не заборавиме дека речиси целиот правен тим на СДСМ е ангажиран како “експертски” советнички тим на СЈО. Од таму и не може да се очекува дека овој орган ќе може да ја корегира својата целосна партиска пристрасност, и дека ќе почне да работи во согласност со законите на земјата. Да беше сигурна во “доказите” врз кои ги заснова барањата, специјалната јавна обвинителка ќе се појавеше вчера пред судот, и истите ќе ги образложеше како што доликува на секој одговорен и професионален јавен обвинител. Видовме дека таа не беше присутна во судот што дополнително ја расветлува оваа политичка игра креирана од луѓето што сакаат власт без избори. Наместо да се занимава и да ги гони луѓето за кои има несоборливи докази за сторен криминал, и наместо да предлага мерки за обезбедување присуство за лица што велат дека не почитуваат суд, ниту други институции на системот, специјалната гордо се придружи кон партиските ставови за делегитимирање на сите македонски институции. Наместо да гони луѓе за кои има несоборливи докази дека работат спротивно на интересите на земјата, и ги кршат законите за свои интереси и цели, таа е фокусирана на луѓето што работат исклучиво за унапредување на општата благосостојба и развојот на земјата. Верувам дека и оваа правна сапуница ќе заврши на начин како што вообичаено завршуваат драмите режирани од неспособни, полтронски поставени и исфрустрирани лица, заклучува Каракамишева-Јовановска во изјава за Курир.
Груевски:СЈО и Заев прават политичка хајка која нема да им успее
-Бев повикан во Судот затоа што Катица Јанева изразила некаков сомнеж дека ќе ја напуштам земјата и дека нема да се појавувам во неа. Не знам дали некој во државата верува во такво нешто дека ќе ја напуштам земјата и нема да се појавувам, но како и да е се гледа дека СЈО прави чекори коишто се нарачани и дека тоа веројатно го посакува да се случи нивниот нарачател којшто во неколку наврати изјави дека не ги признава македонските судови, потенцира вчера Груевски.
– Веројатно тоа е негова желба да заминам од земјата и да не се појавувам, но тоа ниту ќе го сторам, ниту е вистина, ниту пак ќе му ја исполнам таа желба. Живееме во еден период во којшто човекот којшто изјави дека не ги почитува судовите односно дека не ги признава судовите во Македонија. Свесен е за својот политички рејтинг, свесен е за големата неподдршка што ја има од страна на граѓаните, свесен е дека изборите наближуваат и дека нема да може уште долго да ги одолговлекува и преку контролата што ја има врз луѓето во СЈО се обидува да ги изрелативизира работите и да се обиде преку вакви апсурдни покани во Судот мене и моите соработници да не прикаже исти или слични како него. Тоа се обиде да го направи и во текот на минатата година преку неговите прес-конференции на кои се објавуваа фабрикуваните материјали и не успеа. Потоа се обиде со тоа што издејствува 100 дена пред изборите да има друг премиер за спроведување избори, верувајќи дека на тој начин ќе дојде на власт, дека на тој начин ќе го промени мислењето на граѓаните и сега се обидува на трет начин. На начин на којшто постојано ќе бидам повикуван заради апсурдни причини во Судот и ќе треба да давам вакви изјави, да се правдам иако немам никаква вина за народот да ја промени перцепцијата и да почне да мисли дека можеби јас и моите соработници сме слични на човекот којшто даваше изјави дека не го признава судот во Република Македонија. Тоа нема да му помогне. Тој тоа ќе го види на денот на изборите, вечерта на изборите, мислам дека ќе го осети и претходно и ќе осети дека оди во погрешна насока затоа што работите на изборите не одат на тој начин. Изборите се добиваат со една посветеност, со една одговорност, со чесно работење, а не со апсурдни чекори, со манипулации, со лаги, со невистини, со шпекулации или со слични работи со којшто нашиот и мојот политички опонент се занимава во сиот изминат период, изјави Груевски.
Додаде дека може да се очекува во следниот период, како што наведе, за разни апсурдни причини, него и неговите соработници да ги повикуваат во судот.
Заев не знае дали го почитува Судот
Заев низа пати покажа крајно непочитување на македонските институции.Но дури и на оваа тема, Заев продолжи да се побива самиот себе, да си ги демантира сопствените изјави и да не држи до својот искажан став.
Кога станува збор за почитувањето на судовите, Заев се уште не може да се договори самиот со себеси дали на јавноста ќе и изјавува дека ги почитува судовите или ќе тврди дека не ги почитува.
Така, јавноста беше изненадена од изјава на опозицискиот лидер во која тој ги негираше македонските институции и системот и рече дека не го признава правосудството.
-Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и по закон. Правосудството е под целосна контрола на Никола Груевски и неговата власт. Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта. Нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам на судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка, рече Заев на прес-конференција пред околу една година.
И за ова тој се предомисли. Сега неговиот став е дека судовите мора да се почитуваат.
-Законот и Уставот мора да важат подеднакво за сите. Не знам зошто е тој толку голем страв да се излезе пред суд. Судот во судски инстанци, во Основен суд, Апелација, Врховен суд, па и Стразбур утврдува право на секој граѓанин да докаже невиност или да му се докаже вина согласно која треба да се понесе одговорноста. Бегање од тоа нема. Првиот момент кога ќе дигне некој раце од тоа, отиде државата низ вода, рече Заев во интервју за порталот Локално објавено пред неколку дена.
Ако се споредат двете изјави на Заев, освен што повторно се гледа неговата неодлучност за тоа што треба да мисли, се создава слика дека Заев смета дека сите треба да го почитуваат судот, но само тој не.
Јанева го награди Заев за непочитување на судовите
За ваквото однесување и непризнавање на македонските судови Заев беше награден од Катица Јанева со враќање на патната исправа и со барање сите предмети кои се водат против него и неговите соработници да ги преземе Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Катица Јанева не застана таму, следно на репертоарот на СЈО беше ослободувањето од притвор на првоосомничениот во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски и другите обвинети за незаконското следење на комуникациите. Заради оваа одлука на Катица Јанева, Заев доби јавна благодарност од сопругата на Верушевски, Соња Верушевска.
Иако Зоран Заев јавно изјавуваше дека му обезбедувал возило и му барал работа во странство на Зоран Верушевски, тие двајцата во моментов се слободни и без никаква гаранција дека ќе останат тука, доколку нивниот предмет земе да го работи некој што навистина има намера да ги гони за криминалот што го направиле.
За експертите, однесувањето на СЈО е скандалозно. Тие коментираат дека работата на Катица Јанева и обвинителите не се базира на докази, аргументи и