Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева покажува елементарно непознавање на правото, законите и Уставот на Република Македонија. Тие бараат од екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска да донесе докази дека е невина во случајот „Тврдина“.Како што пренесе вчера телевизија Телма, Јанева и тимот и порачуваат на Гордана Јанкулоска доколку има докази со кои ќе потврди дека не е виновна да ги достави до обвинителството. Оваа изјава на СЈО, на која би им се изнасмеал секој бруцош на правен факултет е шокантна и скандалозна. Дури и најобичните лаици знаат дека пред суд може да се докажува само вина, а не невиност.
Согласно член 13 од Уставот на РМ, највисокиот правен акт во една држава, секој кој е обвинет за казнено дело се смета за невин, се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
За невино ќе биде прогласено лицето за кое нема докази дека сторило кривично дело. Ова е многу добро познато и на еден почетник во студиите по право, па од таму, ваквата изјава на СЈО која ја пренесе Телма е доказ за елементарно непознавање на правото и непочитување на Уставот.
Во налетот да водат кампања во име на СДСМ, Јанева и нејзиниот тим продолжуваат да се однесуваат и да работат неодговорно, кршејќи ги законите и надвор од своите овластувања.
Каракамишева-Јовановска: Скандалозно и несериозно барање на СЈО!
Професор д-р Тања Каракамишева-Јовановска во изјава вели дека ова е скандалозно и несериозно барање со кое СЈО целосно правно се издевалвира и избламира, поставувајќи се во улога на кловн во циркуска арена.
-Најтрагично од се што се случи во текот на вчерашната политичка претстава на СЈО е што ја повика Јанкуловска да даде докази со кои ќе ја докаже својата невиност?! Во недостаток на докази со кои СЈО ќе може да го брани на суд евентуалното обвинение против Јанкуловска дека е виновна за одредено дело, СЈО настапува како тотален лаик во постапката, и со смешни барања и со досега невидени позиции тие како тужител бараат од тужената страна да ја докажува својата невиност. Грешката во чекори на СЈО е или основно непознавање на работата што ја врши, или добро извежбано политичко спинување на правната материја и на дејствијата кои се далеку од законот за кривичната постапка, и од Уставот на земјата. Со ваквото барање кое СЈО и го упати на Јанкуловска вчера, овој орган се постави во улога на суд во земјата. Обвинителките очигледно заборавија дека се само обвинители, дека се само странка во постапката со еднаква тежина и права како и другата странка. Тие не се надредени, ниту пак согласно законот имаат некакви посебни привилегирани права во постапката, како што тоа упорно сака да го наметне СЈО во правниот систем во земјата. Тие исто така не се суд, иако нивната желба во моментов е да бидат судии, ама не се на нивна жал, а на наша голема среќа. Срамно е и едновремено тажно е за целата држава, специјални обвинители да не знаат кој, каде и како се докажува невиност, а како се докажува вина во кривичната постапка, вели професорката.
Таа потенцира во својата изјава дека од почетокот на своето работење до денес СЈО со своето непоткрепено со докази работење покажа дека е политичка маша на СДСМ ставена во функција на терање партиско-политичка пропаганда.
-СЈО го изгуби кредибилитетот и авторитетот на стручен и професионален државен орган кој работи согласно Уставот и законот во земјата уште во моментот кога одлучи да се занимава со периферни предмети, а го стави настрана клучниот предмет заради кој овој орган и беше основан-да истражи кој, како и за какви цели прислушкувал во државата. Наместо да почне со истражните дејствија поврзани со ова најтешко, но основно прашање за кое редовното јавно обвинителство веќе има навлезено во подлабока фаза од истрагата, има судски признанија на лица врз кои е заснована и судска пресуда, има многу докази што точно ја лоцираат одговорноста на конкретни поединци од СДСМ за директна вмешаност и учесништво во велепредавство, СЈО одлучи да тргне од обратната страна, и да започне класични политички хајки насочени исклучиво против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, со висок степен на селективност и нетранспарентност во предметното постапување, без никаква методологија и план во постапувањето, и без никаква логика и редослед во работата. Правната логика секогаш се раководи од принципот на приоритет во истражувањето на оние предмети со најтешка природа од кои можат да се добијат и најмногу информации и докази за останатите поврзани предмети, а не обратно. Но, СЈО во многу наврати до сега докажа дека не работи согласно вообичаените правни правила во кривичната постапка, туку согласно потребите и интересите на својот ментор СДСМ. Во оваа смисла се и помпезните најави на СЈО испратени преку медиумите за некаква „зголемена фреквенција на сведоци“ во СЈО во периодот што следи, фанфарното повикување на бивши и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за давање искази без да се почитуваат основните човекови права на странките во постапката, повикување на странките во невидено куси рокови, непочитување на нивната пресумпција на невиност, како и обврската за тајност на дејствијата во предистражната и во истражната постапка. Сите овие пропусти се посебно очигледни и тенденциозни во предметите каде што како странки се појавуваат поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ кои беа дел од првиот ешалон на Владата на Груевски и кои фактички беа негови најблиски соработници, рече Каракамишева-Јовановска.
Според неа, еклатантен, школски пример на прекршување на основните правила во истражното постапување се смета вчерашното повикување на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска да даде исказ во СЈО.
-Нејзиното повикување во доцните попладневни часови претходниот ден за да се појави во СЈО наредниот ден е класично шиканирање на странката и демонстрирање на сила. Исто така, нејзиното повикување да даде исказ без претходно да и биде овозможено правото на увид во доказите врз основа на кои СЈО ја повикува да даде исказ, е основно непознавање на казнено-процесната материја. Вчерашното „вадење“ на СЈО дека Јанкуловска ќе ги добие „доказите“ во текот на оваа недела, откако таа самата го побара тоа, е доказ дека СЈО работи спротивно на законот за кривичната постапка, и работи тенденциозно со намера да и наштети на странката и да го повреди нејзиниот углед и човеково достоинство уште од самиот почеток на постапувањето. Јанкуловска вчера го побара од СЈО своето основно право на увид, и тоа и е овозможено, но останува дамката врз СЈО дека покажа голема пристрасност и незаконитост во работењето. СЈО ако сака навистина да биде професионален и независен орган во постапката требаше без барање на странката да и се овозможи увид во доказите, а не откако таа тоа го побара и јавно го соопшти. Овој момент упатува на голема пристрасност на СЈО, и непочитување на основните човекови права на странката. Како СЈО да заборави или навистина не знае дека јавното обвинителство покрај тоа што е орган кој ги гони сторителите на казнените дела, истовремено е правно дефиниран и како заштитник, чувар на човековите пррава и слободи на секој граѓанин во системот. Јавното обвиниттелство мора да води сметка и грижа да не ги повредува правата на странките, бидејќи и СЈО и Гордана Јанкуловска се странки во постапката со еднакви права, заклучува универзитетската професорка во изјавата.
Како што пренесе вчера телевизија Телма, Јанева и тимот и порачуваат на Гордана Јанкулоска