Она што во јавноста се зборуваше подолг период, денеска започна да се реализира со политичката прес-конференција на СЈО Катица Јанева, чија примарна задача повеќе од очигледно е спасување на нејзиниот наредбодавател, опозицискиот лидер Зоран Заев.Како што дознаваме, под силен притисок на лидерот на СДСМ, денеска покрај поднесување на барање за истрага, Јанева поднела и барање за да го спаси првиот човек на опозицјата од случајот „Поткуп“, односно да го исчисти Заев за ова кривично дело.
Според информациите, Основното Јавно Обвинителство (ЈО) денеска го добило барањето за повлекување на предметот „Поткуп“, иако истиот не е поврзан со незаконско прислушуваните материјали.
За случајот „Поткуп“, Заев е осомничен за корупција тешка 200.000 евра, пари кои ги побарал од свој сограѓанин што бил заинтересиран да приватизира градежно земјиште од 100.000 квадратни метри.
Дополнително, во медиумите беше објавена и видео снимка на која слуша разговор меѓу Заев и еден локален бизнисмен. На видеото се слуша како Заев бара одредена сума пари за средување на работите околу некоја локација на територијата на општината.
Од видеото можеше да се заклучи дека Заев дава насоки како дел од парите треба да се уплатат на црквата, а дел да се дадат кај Вицето (Вице Заев му е брат на Зоран Заев). Од разговорот може да се слушне дека ваков вид зделки во општина Струмица наводно веќе биле склучени и со други бизнисмени.
Со барањето за повлекување на случајот „Поткуп“, истиот ден кога СЈО и Јанева на прес-конференција покажаа досега невидена пристрасност и ја најавија првата акција под името „Титаник“, сосема е јасно дека Јајева целосно се става на располагање на Заев во обидот да го исчисти лидерот на СДСМ од коруптивите зделки за кои се сомничи, а за кои има непобитни докази.
Во својот кус и несигурен денешен настап, Јанева не успеа ниту точно да го прочита тоа што и беше напишано. Дополнително, СЈО настапи со политички квалификации и го нападна Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен да врши контрола на нејзината работа. Со тоа Катица Јанева покажа класично непочитување на Уставот и законите на Република Македонија поставувајќи се над нив и си додели права кои ги нема никој во оваа земја.Како што дознаваме, под силен притисок на лидерот на СДСМ, денеска покрај поднесување на барање за истрага, Јанева поднела и барање за да го спаси