Јанева води политичка хајка против Груевски

Катица Јанева со театрални и партиски прес-конференции, без да презентира ниту еден доказ, води политичка хајка против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и владејачката партија.Бидејќи нема аргументи и докази, Јанева не дојде на суд да ја брани сопствената теза дека на Груевски треба да му се одземе пасошот, туку го испрати Бурим Рушити да го брани неодбранливото.
Но, СЈО нема ниту еден доказ против Никола Груевски, само желба против него да води битка во име на СДСМ. Затоа во поднесокот кој го презентирале немало ништо што би посочило на било каква вина.
Тие излегле со тотално нелогична и неиздржана теза како одговор на прашањето зошто бараат мерки кога нема ниту еден доказ дека Груевски сторил кривично дело, ниту дека планира да бега од земјава. Нивниот одговор бил дека „Потенцијалната казна за која има кривична е висока, па тој може да се исплаши  и да избега и дека има повеќе кривични и тоа исто така може да го исплаши и да избега“.
На ова одбраната одговорила дека кривичните пријави против Груевски му се поднесени од политички противник кој политички може да достави што сака и колку сака. Со ова образложение, уште еднап се потврдува дека нема никаков доказ против претседателот на владејачката партија.
Како што дознаваме, обвинителите се чувствувале многу непријатно поради улогата која ја добиле од Јанева.  Тие добро си ја знаат својата работа, но до сега секогаш истата ја базирале на докази. Во овој случај не им бил предочен ниту еден аргумент.
Според она што СДСМ и СЈО го прават за оцрнување на Груевски, поставуваме пример кој би изгледал слично на оваа небулоза.
Замислете, ВМРО-ДПМНЕ без никаков доказ да достави 10 кривични пријави против Зоран Заев, за дела како убиства и тешки кражби, па обвинителството да мора да бара мерки за претпазливост без ниту еден доказ затоа што: Потенцијалната казна за која има кривична е висока, па тој може да се исплаши  и да избега и дека има повеќе кривични и тоа исто така може да го исплаши и да избега“, пишува Курир.
Инаку, за случајот Космос, Фијат Цановски пред еден месец даде изјава дека во животот немал градба на диво, за два дена подоцна да поднесе барање за легализација на дивоградбата ФОН.  Дека Цановски нема никакви аргументи, покажа и неговото бегање од ТВ дуел со градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.
Трајковски денес ја покани на дуел и лично Катица Јанева свесен дека вистината е на негова страна, поткрепена со докази и аргументи.
Градоначалникот денес повторно пласираше докази дека Космос е граден на диво, односно различно од дозволата за градба.
Тој посочи дека Катица Јанева пред месец и половина во јавноста презентирала обвинувања и манипулации, без никаков доказ за дивоградбата Космос и со тоа направила класична клевета.
-Без ниту еден доказ, чисто политичко обвинување и конструкција од која секој правник би се засрамил. Катица Јанева ги сокри сите факти и аргументи и отворено застана на ставот дека некои дивоградби мора да се третираат поинаку од останатите. Селективност спроведена по налог на Зоран Заев. И покрај сите докази кои беа доставени од наша страна до СЈО, Катица Јанева сепак излезе на прес конференција и одлучи мене и моите колеги да ни го наруши угледот преку пласирање на лаги и клевети, рече Трајковски.
Тој посочи дека откако во јавноста излегоа информации дека Мирослав Грчев, висок партиски функционер на СДСМ е ангажиран како вештак на СЈО тогаш се станало јасно.
-Грчев еднаш веќе се обиде да фалсификува вештачење во полза на Фијат Цановски. Тоа не помина. Државниот просветен инспекторат реагираше, а деканот потврди дека Грчев ја злоупотребувал позицијата и незаконски употребувал печати од Архитектонскиот факултет, рече Трајковски.
Во врска со барањето на СЈО да се спроведе мерка за претпазливост, Трајковски вели дека нема намера никаде да замине особено кога е сигурен дека вистината е на негова страна.Бидејќи нема аргументи и докази, Јанева не дојде на суд да ја брани сопствената теза дека на Груевски треба да му се одземе пасошот, туку го испрат

Пронајдете не на следниве мрежи: