Триото Катица Јанева, Зоран Заев и Зоран Верушевски се претворија во Бермудски триаголник кога станува збор за незаконски прислушувани разговори.Исплашена од свесното кршење на процедурите и свесното несоставување записник при приемот на незаконските материјали на Заев, Јанева вчера избега и остави нејзините соработнички да ја правдаат за пропустите. Ниту тие не кажаа колку материјали има добиено Јанева, а колку останале кај разни Чауши.
Лагите на Заев околу точниот број на нелегални прислушувани разговори кои ги поседува извесен период ја разбрануваа јавноста. Истиот Заев кој првично кажа дека прислушувал 30.000 разговори, за потоа во октомври минатата година да тврди дека има 600.000 разговори, сега тврди дека до СЈО доставил милион и 50 илјади разговори.
– Милион и 50 илјади разговори доставив до обвинителството- рече Заев при гостувањето во Дневникот на Сител и додаде дека нема записник за предадените материјали.
Првоосомничениот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски молчи задоволен од развојот на настаните и подарената слобода од Катица Јанева , а само Заев призна дека има уште 400.000 нови разговори откако Соња Верушевска му се заблагодари за ослободувањето на сопругот од страна на Јанева.
-Најголема благодарност упатувам до лидерот на СДСМ г-динот Зоран Заев, напиша Соња Верушевска.
Единствен „фикс“ во целата равенка е пријателот и сопартиец на Заев, Захир Бекири – Чауш. Само кај него се знае дека се пронајдени 70.000 телефонски разговори, главно од функционери на ДУИ, кои биле продавани по соседните земји.
Освен разговорите, кај партнерот на Заев беа пронајдени и 120.000 лицни податоци на македонски грагани, фалсификувани документи, пасоши и други предмети за фабрикување афери.Исплашена од свесното кршење на процедурите и свесното несоставување записник при приемот на незаконските материјали на Заев, Јанева вчера избега и