Социјал демократската партија на Македонија во пресрет на предвремените парламентарни избори 2016 година најави дека ќе учествува, а тоа ќе го направи самостојно, без коалицирање со другите партии.-За Социјал демократската партија на Македонија коалицирањето со другите партии е туѓо и партијата се задржува на нашите членови, на почитуваните граѓани кои ја почитуваат нашата партија и тоа што ќе го освоиме сакаме сами да го освоиме, не во коалицирање и не со други поголеми партии, исклучиво тоа да биде на социјал демократската партија. Тоа го правиме овие 25 години и овој пат истото ќе го направиме, затоа сакаме да ве информираме дека денеска е последен ден и се надевам дека тоа ќе го направиме до вечерва, изјави Бранко Јаневски претседател на СДПМ.
Тој најави и дека после 11 декември граѓаните се тие кои што ќе одлучат колку пратеници ќе добијат социјал демократската партија на Македонија, а со тоа и ќе организираат генерален реизбор на сите јавни службеници во Република Македонија.
-Јас како претседател на социјал демократската партија сакам да најавам и дека ќе спроведеме и генерален реизбор на обвинители, полицајци, а ќе правиме и реизбор на сите вработени во образованието на сите професори не само на факултетите туку и во средните и основните училишта. Господинот на најголемата социјал демократска партија во Македонија кој преферира да дојде на власт, Зоран Заев ги штити и корумпираните професори и административните службеници, а тој исто така не најави ниту пак реизбор на корумпираните нотари и извршители. Вакви големи и огромни пропусти нема во нашите програмски заложби кои ги имала секогаш социјал демократската партија на Македонија за овие 25 години, потенцираше Јаневски.-За Социјал демократската партија на Македонија коалицирањето со другите партии е туѓо и партијата се задржува на нашите членови, на почитува