И после 10 изгубени изборни циклуси по ред, Насер Селмани и останатите личности-марионети кои исполнуваат туѓи агенди, не можат да разберат дека кај народот не поминуваат лаги и дека нивното повторување никогаш нема да ги направи вистина, напиша поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на својот Фејсбук профил.
Во продолжение следува статусот на Јанкулоска, како одговор на вечерашната емисија Топ Тема на Телма.
-Вечерва во Топ Тема на Телма, активистите на опозицијата, по навика го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ со лаги, клевети и неточни тврдења. По правило тоа беше без да се даде можност да се презентира вистината преку контра-аргументи, во надеж дека во нивно отсуство, дел од јавноста веројатно ќе ги прифати како точни, тврдењата што тие ги изнесуваат. Нема да ја коментирам целата емисија, бидејќи во неа скоро и да немаше тврдење што не е лага, сепак ќе се осврнам на обвинувањето на Насер Селмани дека нелегалното прислушкување било и по моја наредба. Се гледа дека ни самиот не верува во тоа што добил наредба да го каже. И тој и неговите налогодавци знаат дека тоа е апсолутно неточно. Впрочем и според ЈО, и според правосилната судска пресуда во случајот Пуч, па дури и според нивното партиско СЈО, мојот телефон бил еден од оние што се незаконски прислушкувани непрекинато и тоа со години (што веројатно и во светски рамки е редок пример за најгрубо кршење на човекови права).Но, зачудува како и после 10 изгубени изборни циклуси по ред, Насер Селмани и останатите личности-марионети кои исполнуваат туѓи агенди, не можат да разберат дека кај народот не поминуваат лаги и дека нивното повторување никогаш нема да ги направи вистина, вели Јанкулоска.
Во продолжение следува статусот на Јанкулоска, како одговор на вечерашната емисија Топ Тема на Телма.
-Вечерва во Топ Тема на Телма, активи