Извештаите на тајните служби покажуваат дека Џорџ Сорос манипулира со јавното мислење во Унгарија, рече шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Јанош Лазар, пренесува MTI.Лазар за веб сајтот на комерцијалната телевизија АТВ вели дека нема организација која се заложува за прашањата за мигрантите ниту организација која е наклонета кон опозицијата, а Сорос да не ја финансира.
Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер минатата недела на редовна конференција за новинарите рече дека Сорос е влијателен поддржувач на американската демократска партија и на семејството Клинтон и дека „по секоја цена ќе направи простор за своите ставови“.
Како што додаде Лазар, Сорос најверојатно ќе преземе акција против владата на унгарскиот претседател Виктор Орбан „кого го смета за еден од своите најопасни политички непријатели во Европа“.
На прашањето дали постојат директни докази дека Сорос влијае на мигрантските прашања во Унгарија, Лазар рече дека цивилните организации благодарение на финансиите на Сорос се стекнале со „преголемо влијание во споредба со вистинската моќ која ја имаат“.
Сорос стои зад ставовите на левичарската опозиција во врска со мигрантските прашања, затоа што е нивен најголем покровител, наведува унгарската агенција.Лазар за веб сајтот на комерцијалната телевизија АТВ вели дека нема организација која се заложува за прашањата за мигрантите ниту организација која