Јапонец сака да тргне на пат околу светот за да ги фотографира најубавите жени

И додека повеќето луѓе би тргнале на пат околу светот за да запознаат нови култури и фотографираат пејсажи од кои на човек би му застанал здивот, јапонецот Кеи Акачу планира да за обиколи земјината топка за да со својот фотоапарат ги овековечи лицата на најубавите девојки од сите меридијани.
Проектот„ Beauties World Map” е засега само во фаза на идеја затоа што на овој студент на Токискиот Универзитет за наука му недостасуваат пари.
Заради тоа Акачу на своја веб страница ги повикал потенцијалните донатори, спонзори и луѓе со добра волја да му помогнат со свој прилог во реализација на својата идеја.
Младиот јапонец планира да помине година дена патувајќи по светот и да ги фотографира најубавите девојки во секоја земја која ќе ја посети и потоа тие слики ги објави на својот сајт.
За реализацијата на проектот би му биле потребни околу 11000 долари, а тој досега има собрано само 1000.
Со цел да го привлече вниманието на што поголем број спонзори, снимил видео спот кој досега има повеќе од 320000 прегледи на Јутуб, а поставил и неколку фотографии од убавици кои ги фотографирал во Јапонија, како и во Канада каде неодамна поминал половина година, стекнувајќи искуство за својата необична антрополошка мисија.  И додека повеќето луѓе би тргнале на пат околу светот за да запознаат нови култури и фотографираат пејсажи од кои на ч

Пронајдете не на следниве мрежи: