Јапонија и САД го повикаа во вторникот Советот на Обединетите нации за човекови права да покрене истрга за наводите за кршењата на човековите права во Северна Кореја, меѓу кои се тортура и погубувања на политичките затвореници.Се верува дека во севернокорејските логори за политички затвореници има најмалку 200 илјади луѓе, како и оти таму се спроведуваат силувања, измачувања и погубувања, а луѓето работата како робови, изјави ви јануари, комесарката на Обединетите нации за човекови права, Нави Пилај.Таа повика на спроведување меѓународна истрага за можни злосторства против човечноста и рече дека во Северна Кореја постои „едно од најлошите состојби со човековите права на светот“. Пјонгјанг ги отфрли овие обвинувања.Јапонија и Европската унија ќе поднесат заедничка резолуција со којашто се бара меѓународна истрага, соопшти јапонскиот премиер Шинзо Абе во неговиот говор пред Советот на ОН за човекови права во Женева, кој во понеделникот го започна своето заседание кое ќе трае до четврток.Естер Бример, помошничка на американскиот државен секретар, го поддржа апелот за акција на женевскиот форум, кој го сочинуваат 47 држави членки.„Работата на Советот останува недовршена се додека милиони (северно)Корејци остануваат соочени со неискажливо кршење на човековите права и секојдневната борба за преживување“, рече Бример.
МакфаксЈапонија и САД го повикаа во вторникот Советот на Обединетите нации за човекови права да покрене истрга за наводите за