Јапонската влада најде ново решение за предизвикот да се спречи истекувањето на радиоактивната вода од катастрофата во Фукушима.Решението е огромен, подземен, ѕид од ЛЕД.
Проектот вклучува серија од цевки долги 30 метри, закопани под земја и оддалечени околу 1 метар една од друга во облик на квадрат долг 2 километри, што го обвива кобниот нуклеарен реактор.
Теоретски, цевките ќе бидат наполнети со екстремно ладна вода што перманентно би ја смрзнала почвата околу реакторот.
Откако ќе профункционира, дизајнот би создал огромен подземен леден ѕид што ќе спречи радиоактивната вода да излегува од областа.
Проектот чини неверојатни 325 милиони долари и конечно е завршен откако за изработката на оваа конструкција беа потребни 2 години.
Оттогаш, ѕидот полека и екстремно внимателно се активира за да се види дали концептот функционира. Резултатите се мешани: едни делови се веќе заледени, додека други пак, се уште не успеваат да замрзнат. Се поставува и прашањето дали конструкцијата ќе биде способна да трае со години.
Сепак, јапонската влада е децидна дека ќе сторат се за проектот да успее и да го спречат истекувањето на занемувачки 8 илјади тони радиоактивна вода.Решението е огромен, подземен, ѕид од ЛЕД.
Проектот вклучува серија од цевки долги 30 метри, закопани под земја и оддалечени околу 1 метар