Во реномираниот јапонски весник „Џапан тајмс” денеска беше објавен прилог по повод Денот на независноста на Република Македонија, во кој пригодни ставови изнесуваат и амбасадорот Андријана Цветковиќ и почесниот конзул Масатаке Мацуда, соопшти македонската Амбасада во Јапонија.„Амбасадоротката Цветковиќ во обраќањето информира за позитивниот развоен тренд во билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија, притоа истакнувајќи ги најзначајните средби и настани во 2015 година – посетата на министерот за надворешни работи Никола Попоски на Јапонија и свечената церемонија по повод официјалното отворање на македонската Амбасада во Токио. Амбасадорката информира и за економските и бизнис поволности во Македонија, како и големиот број активности на Амбасадата за привлекување на јапонски инвеститори во земјата“, се вели во соопштението од македонската Амбасада во Токио.
Таа го поздрави и развојот на соработката во областа на здравството и започнатите обуки на македонски доктори во јапонските болнци, а изразила и задоволство од соработката со JATA која го вклучила Охрид меѓу најубавите 30 туристички дестинации во Европа.
Во овогодинешното обраќање Цветковиќ информира и за неодамнешната елементарна непогода во Македонија, упатувајќи повик за донации за настраданото население. Со цел донирање на средства за поплавите во Македонија, Амбасадата отворила одделна сметка за донации, која е објавена во денешниот прилог во „Џапан тајмс“.
„Почесниот конзул Масатаке Мацуда во своето обраќање информираше за неодманешната заедничка посета на Хокаидо, каде амбасадорот Цветковиќ оствари множество средби со високи претставници од политичката, економската и високообразовната сфера“, се посочува во соопштението од Амбасадата.
Изрази уверување дека таквите бројни посети и средби придонесоа за зајакнување на македонско-јапонските односи што се очекува и понатаму да се унапредат со отворањето на резидентна Амбасада на Јапонија во Скопје.„Амбасадоротката Цветковиќ во обраќањето информира за позитивниот развоен тренд во билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија, притоа ис