Дали сте знаеле дека оризот се смета за неверојатно козметичко средство кое се користи со столетија а посебно е ценет во рецептите на јапонските убавици?Богат е со витамин Б кој го стимулира растот и обновата на станиците, го успорува нивното стареење и ја подобрува крвта во кожата- се она што ви треба за блескав изглед.
Наоружајте се и вие со тајната на убавина и младост на јапонските жени и спречете го предвременото стареење на кожата.
За да ја одржат кожата во беспрекорна состојба и да го спречат предвременото стареење Јапонките користат маска од ориз.
Оваа лековита маска за лице со ориз, млеко и мед ќе ви стане една од омилените, бидејќи по нејзината употреба кожата станува нежна, светла и доста мека и блескава.
Подготовка на јапонската маска од ориз…
Земете 2-3 лажички ориз, ставете го да се вари се додека добро не омекне. Потоа процедете и оставете го во посебен сад.
Сварениот ориз измијте го со вода и во него додајте 1 лажичка топло млеко. Промешајте ја смесата се додека не се изедначи и додајте 1 лажичка мед.
Маската нанесете ја во дебел слој на предтоа исчистена кожа на лицето и вратт.
По половина час внимателно отстранете ја маската и измијте се со водата од зготвениот ориз.
Освен наведените корисни особини на оризот , водата од оризот одлично ја хидратизира кожата, содржи антиоксиданти и поседува апсорбирачко својство на ултравиолетови зраци. Покрај тоа е во состојба да го успори создавањето на меланин и со самото тоа го спречува настанувањето на пигментните нечистотии и ги осветлува истите.
Оваа смеса од ориз можете да ја чувате во фрижидерот 4 дена. Користете го наутро и навечер како лосион за лице. Можете да го ставите и во калапи за лед и да ја користите како коцка лед за масажа.Богат е со витамин Б кој го стимулира растот и обновата на станиците, го успорува нивното стареење и ја подобрува крвта во кожата- се она што ви тр



