Јапонскиот премиер: Не жалам за Втората Светска војна

Јапонскиот премиер Шинзо Абе во четвртокот не изрази никаков жалење за Втората Светска војна и за целото патење што Јапонија го нанела на азиските земји во тој период. Во својот говор по повод 68 годишнината од јапонската капитулација, премиерот воопшто не изрази жалење за настанатата војна и се она што Јапонија го направила на азиските земји во тоа време. 
„Никогаш нема да заборавам дека до мирот и просперитетот во коишто сега уживаме дојде преку жртвување на вашите животи”, рече Абе обраќајќи се во чест на Јапонците исчезнати во војната на Пацификот. На крајот од обраќањето едноставно кусо заклучи: „Ќе сториме сé што е во наша моќ да дадеме придонес кон мирот во светот”.
Наназад дваесетина години, забележува AFP, што го правеше и Абе во текот на неговиот претходен премиерски мандат од 2006 до 2007 година, јапонските премиери ги користеа комеморативните свеченост да изразат и покајување поради патењата нанесени на соседното азиско население.
Во четвртокот, непосредно пред говорот, двајца министри на десничарската влада на Абе го посетија светилиштето Јасукуни во Токио кое јапонските соседи го сметаат за симбол на јапонското милитаристичко минато бидејќи во него се 2,5 милиони жртви на кои пред и во текот на Втората светска војна им било оддавано почест и на јапонските воени злосторници. Абе, сепак, лично не се појави во храмот Јасукуни. Во својот говор по повод 68 годишнината од јапонската капитулација, премиерот воопшто не изрази жалење за настанатата

Пронајдете не на следниве мрежи: