Јас сум геј, но се вљубив во жена!

Рајтор Доли е геј, но се вљубил во жена која на првата средба ја потсетила на Грејс Кели. Овој маж си го поставил прашањето: Може ли љубовта да биде над сексот?Овој маж нагласил дека неговиот проблем за  многумина не изгледа како проблем, и дека многумина го прашуваат: Размислуваш ли да се кандидираш за претседател?
Тој во својата исповед напоменува дека неговата приврзаност кон жените  ја преминува границата  на она што денес станало феномен, љубовта кои хомесексуалците ја чувствуваат кон своите најдобри пријателки. За него љубовта која ја чувствува кон спротивниот пол е посилна од уживањето во заедничкото пазарење. Геј маж и хетеро жена кои „откриваат дека се сродни души“  доаѓаат до друго ниво на потреби и желби.
Како што рекол неговата сексуална желба  и срце цел живот биле во лош однос, како разделени сопарници кои поради религиски причини не сакаат да се разведат.
„Пред да прифатам  дека сум геј, јас очајнички се обидував да ја победам својата сексуалност, дури и невиноста ја изгубив се девојка која, како што велеше брат ми е вистинска барбика“, рекол тој.
Откако се преселил во Њујорк решил да се препушти на својата  природа.
„На 22 години станав геј, спиев со секој маж во Менхетен и на секого му зборував за себе“, додал.
На секоја девојка која од него сакала нешто повеќе  и велел 3 збора: „Јас сум геј“.
„Конечно се почувствував слободен, силен и за прв пат во животот знаев кој сум“.
А потоа ја стретнал Серена Мериман
„Таа беше еден од 6-те учесници на курсот по глима на кој одев. Моите очи поминаа преку сите пријатели кои беа хомесексуалци, и застанаа за нејзините златни  локни и го забележаа нејзиниот неверојатен стил“, раскажал Рајтор.
Грејс Кели, на која го потсетила Серена, влегла во неговиот живот и ја победила осаменоста која го мачела  и покрај бројните сексуални врски.
Серена во тоа време  во својата семејна куќа приредувала прекрасни збави. Рајтор  често одел на забавите и сите му говореле дека и се допаѓа на Серена. И тој знаел дека Серена го освоила.
„Серена знаеше дека јас сум геј, но колку што станувавме поблиски, јас се помалку јасно ја дефинирав својата сексуалност. Не знаев дека можеби сум бисексуалец, „трисексуалец“, не знаев што сум, но знаев дека ја сакам“, открил тој.

А потоа една ноќ одлучил да оди чекор понатаму.
„ја бакнав, во тој момент целиот Њујорк занеме. Бевме само јас и таа. Бевме вљубени, сите филмови и песни ми говореа  дека само ова ни преостана. Срцето ми трепереше, го слушнав и нејзиното срце“, рекол Рајтор.
Но еден момен променил се.
„Не можам да спијам со тебе“, и реков, одмавна со главата збунета  како никогаш претходно.
Таа недела Серена играла во претставата „Мачка на вжештениот кров“, во една сцена требало да го праша сопругот зошто не сака да спие со нејзе.

„Серена тргни ги рацете од масата и прашај го Брик зошто не сака да спие со тебе, неколку пати и наредил професорот.
Таа само стоела  и на крајот прснала во солзи.  Рајтор од првиот ред ја гледал Серена и знаел дека сето тоа е негова вина.Овој маж нагласил дека неговиот проблем за  многумина не изгледа како проблем, и дека многумина го прашуваат: Размислуваш ли да се кандидираш

Пронајдете не на следниве мрежи: