Јасновитката Звездна е новата Ванѓа од Бугарија

Жоржета Георгиева или Звездна е познат бугарски јасновидец и парапсихолог и е многу интересна личност. Знам дека, прво нешто што ви паѓа на памет е дека станува збор за некој како Сабина, но не.Таа е пред се образован психолог, а потоа и парапсихолог. Завршила психоанализа на Меѓународниот славјански институт во Москва.
Магистер е по социјална и трудова психологија, меѓународно трговско право, сметководство и контрола. По завршени два факултети, што ќе рече „од земните науки“ и се јавила дарбата за јасновидство. Поради тоа се запишала на Клиничка психологија во Русија, а сега е магистер на Универзетот во Калифорнија по парапсихологија.
Интересно е што била јасновидец на многу бугарски политичари, услуга која ја користат европските политичари, но и американскиот претседател Барак Обама, како и на голем број на актери,пејачи, спортисти и јавни личности во Бугарија. Нејзини услуги користеле луѓе од целиот свет.Предвидела голем број важни настани на бугарската и светската политичка сцена меѓу кои враќањето на царот Симеон Саксобурготски уште во 1995 година.Го предвиде и падот на Бојко Борисов како и востановувањето на новата влада на Орешарски.

 
Со прецизност го предвиде и крајот на владеењето на Елцин и почетокот на ерата на владеењето на Путин. Таа беше советник во Владата на Станишев, односно во кабинетот на Министерот за труд и социјална политика.Повеќе од 23 години е продуцент и водител на предавањата за излекувањето на духот, автор на бројни публикации и статии за весниции. Единствена бугарска јасновитка за која интерес пројавиле специјалисти од институтот „Едгар Кеиси“ како и Центарот за психологија „Монро“ во САД. Како дипломиран психотерапевт прави терапии за стрес, депресија, зависности од алкохол, наркотици, коцка.
Која е всушност Ѕвездна? Најискрено, мислев дека станува збор за јасновидец како што сме научени да ги гледаме на ТВ екраните, но вие имате импресивна биографија. Она што остава впечаток е вашето образование.
Звездна: Да, најпрво дипломирав сметководство,финансиска ревизија и меѓународно трговско право на Софискиот универзитет, а потоа се запишав и на социјална и трудова психологија. Дипломирав и на Клиничка психологија во Москва, а сега сум на магистерски студии по парапсихологија на Универзитетот во Калифорнија.Според мене, парапсихологијата е наука број еден во светот и е наука на 21 век. Во Москва веќе со апаратура се гледа аурата, односно енергијата околу клетките со помош на која се дава рана дијагностика на болести.Ги дијагностицираат многу порано од пред да се појават.Истото она што јас го правам преку јасновидството, тие го прават со помош на апарати.
Повеќе на e-magazin.mkТаа е пред се образован психолог, а потоа и парапсихолог. Завршила психоанализа на Меѓународниот славјански инсти

Пронајдете не на следниве мрежи: