Јавен повик – Златен сертификат за волонтерство 2016

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди во Република Македонија.По единаесетти пат, го упатуваме овој ЈАВЕН ПОВИК до сите граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа да предложат волонтери / волонтерски иницијативи / волонтерски програми за:
ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2016 ГОДИНА
Предложените волонтери / волонтерски иницијативи / волонтерски програми треба да ги исполнуваат следните услови:
– Иницијативите / програмите да се реализирани во Република Македонија
– Предложените волонтери да се граѓани на Република Македонија
– Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2016 година.
Ве молиме за предложените волонтери / иницијативи / програми да испратите образложение, не подолго од една страна А4, зошто сметате дека треба да го добијат признанието (со краток опис на волонтерскиот ангажман / програма и контакт податоци на волонтерот или волонтерската иницијатива / организација).
Краен рок за доставување на предлозите е вторник 29 ноември 2016 година до 16.00 часот на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака: Златен сертификат 2016.
Наградените ќе бидат известени до петок 2 декември 2016, а јавно ќе бидат објавени во понеделник на 5 декември 2016 година.По единаесетти пат, го упатуваме овој ЈАВЕН ПОВИК до сите граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, д

Пронајдете не на следниве мрежи: