Со почетокот на 2017 година не беа направени корекции во ценовникот на услугите во јавниот превоз, односно, редовните корисници на услугите на јавниот превоз ќе ги уживаат истите услуги, со цени кои беа намалени минатата година, соопштуваат од Јавното сообраќајно претпријатие.
-Таков случај беше со месечниот и годишниот билет, а изедначена беше цената на билетот за едно возење во сите зони, односно цената на билетот од приградската зона од 40, беше намалена на 35 денари. Исто така беа воведени и нови временски билети, како што се дневниот, седмичниот, тримесечниот и шестмесечниот билет. Напоменуваме дека граѓаните во иднина ќе мораат да ги користат електронските картички и во приватните автобуси, како единствен начин за плаќање на билет, стои во соопштението.
Со приклучувањето на приватните превозници во единствениот Интегриран тарифен модел, воведена е нова промотивна мерка за лицата кои ќе купат неперсонализирана картичка, односно со самото купување на истата во вредност од 150 денари во месец јануари, ќе добијат 5 гратис возења, кои ќе бидат со неограничен период на искористување.
Следствено на тоа, со воведувањето и на единствениот возен ред, повеќе нема да има дуплирање на одредена линија од страна на ЈСП СКОПЈЕ и приватен превозник. На тој начин, ќе бидат избегнати досегашните бркотници по корисник повеќе и со тоа, секако ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот.
-На ваквиот начин на функционирање, се надеваме на покомфорен транспорт и повеќе задоволни патници во новата 2017 година, велат од ЈСП.-Таков случај беше со месечниот и годишниот билет, а изедначена беше цената на билетот за едно возење во сите зони, односно цената на билетот од пр