Јавните обвинители Шврговски и Зврлевски редовно присуствувале на пленарни седници во Собранието

Откако Република Македонија функционира како парламентарна демократија, сите избрани и именувани лица носат одговорност пред Собранието на Република Македонија. Таков е и случајот со јавните обвинители години наназад. 
Имено, поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски и сегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски досега многупати присуствувале и дискутирале на седници на Собранието на Република Македонија.
Поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски во својот мандат пред пратениците присуствувал, дискутирал и одговарал за својата работа на вкупно 10 плернани седници во Собранието на Република Македонија. Додека пак, сегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски од  неговото назначување па досега, присуствувал и давал одговори за својата работа на вкупно 4 плернарни седници во Собранието на Република Македонија.
Наспроти одговорноста за своето работење која што ја демонстрирале досегашните јавни обвинители, но и сегашниот јавен обвинител, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и покрај упатената покана за присуство, со непојаувањето во Собранието на Република Македонија каде што требаше да се разгледува Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство направи преседан, покажува грубо непочитување и газење на законодавниот дом како највисока институција во Република Македонија и себеси се стави над сите јавни обвинители, над Уставот на државата и над сите лица кои што се избираат и именуваат во Собранието на Република Македонија.
Како што јавните обвинители Шврговски и Зврлевски се одзивале на поканите за присуство во Собранието на Република Македонија, така и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева има одговорност својата работа да ја образложи пред пратениците и граѓаните бидејќи пред се’ таа е платена од парите на граѓаните.
  
Имено, поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски и сегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски досега многупати присуствувале и диск

Пронајдете не на следниве мрежи: